Browsing: СПОРТ

„Лалињата“ го поразија тимот на Јоаким Лев со 4:2 и во целост се реваншираа за поразот во Амстердам во март оваа година. Словенија во групата Г во која игра и Македонија ја совлада Полска со 2:0 додека Австрија во истата конкуренција со 6:0 ја декласира Летонија

Конечни 1:1 во Бер Шева што остава простор за задоволство, за дилема дали уште вечерва требаше да биде поништен еден од двата домашни пораза во јуни, но и неизвесност дали ќе биде реализирана победничката мисија во понеделник против Летонија во Рига за комплетно враќање во игра за второто место на табелата

Според бразилските медиуми, 30 годишниот Данило Фелисијано де Мораеш се пожалил дека му е лошо по само десет минути играње фудбал во семејната куќа во Сао Паоло по што веднаш бил пренесен со амбулантно возило во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Алфавил, но и покрај големите напори, лекарите не успеале да го спасат

Шпанскиот тенисер по два часа и 48 минути го совлада Аргентинецот Даниел Шварцман со 6:4, 7:5, 6:2 во четврт-финалето, а Канаѓанката до најголемиот успех во кариерата стигна по победата над Елис Мертенс од Белгија со 3:6, 6:2, 6:3

Натпреварот е вечерва во Бер Шева во 20.45 часот. Доколку останат непоразени, „црвено-црните“ ќе останат во игра за второто место во групата Г и со голема самодоверба ќе продолжат за Рига каде во недела ги очекува и дуел со Летонија

Австриецот во кариерата оствари 67 победи во Светскиот куп од кои 32 во слалом, 31 во велеслалом, три во паралелен слалом и една во супервелеслалом. Покрај осумте големи Кристални глобус, освои и по шест мали во слалом и во велеслалом

„Фармацевтите“ во салата „Боро Чурлевски“ го совладаа рускиот претставник со 34:29 (15:12) во дебитантскиот настап во регионалното натпреварување во кое во второто коло ќе бидат домаќини и на Металопластика. Вардарци, пак, ја оправда фаворитската улога против Пекинг Спорт Јуниверзити со 37:23 (полувреме: 19:12)

Шпанските медиуми објавија дека мерцедесот на познатата шпанска скијачка и олимпијка бил лоциран пред три дена по што веднаш почнала масовна потрага по неа што, за жал, заврши без среќен исход

Бугаринот Григор Димитров го доби Швајцарецот во маратонскиот меч во пет сета со 3:6, 6:4, 3:6, 6:4, 6:2 за судир со Русинот Данил Медведев. Федерер побара медицински тајм аут меѓу четвртиот и петтиот сет поради болки во горниот дел на грбот и на вратот, но, сепак, како што рече, одлучил да излезе на терен и да игра што е протолкувани како провокација за Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер заврши со одбрана на титулата на гренслемот во Њујорк по принудно предадениот осминафинален меч со Стен Вавринка поради болки во рамото и при водство на Швајцарецот со 6:4, 7:5 и 2:1 во третиот сет