Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за фудбалското ЕП 2020: Македонија се задоволи со бод во Бер Шева

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 5, 2019 23:51

Македонската фудбалска репрезентација можеше до три бода на гостувањето против Израел, но се задоволи со еден во петтиот настап во групата Г во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Конечни 1:1 во Бер Шева што остава простор за задоволство, за неизвесност дали ќе биде реализирана победничката мисија во понеделник во Рига за комплетно враќање во игра за второто место на табелата, но и дилема дали уште вечерва требаше да биде поништен еден од двата домашни пораза во јуни.

Момчињата во „црвено-жолта“ комбинација одиграа добро прво полувреме, особено по воведните 15-тина минути. Имаа неколку прилики за гол, но не успеаја да ја испратат топката зад грбот на Марсијано. Барди се обиде во 27. минута, Алиоски се закани по соло контрата во 30. минута и шутираше крај голот, целта не успеа да ја погоди и Несторовски во 40. минута, а Елмас беше осамен и изблокиран во 41. минута.

Второто полувреме почна во знак на израелските фудбалери. Притиснаа и по 10 минути игра поведоа. Даса го мина Велкоски на десната страна, го претрча и Алиоски, нафрли во казнениот простор, а топката во лет ја допре Ристевски и го смени нејзиното движење, Муслиу не пресече, Бејтулаи беше побавен, па меѓу нив се протна Захави и ја затресе мрежата на Димитриевски.

Но, радоста на Израелците кратко траеше. Девет минути подоцна беше досуден прекршок за Македонија од позиција од која можеше да опасно да се нафрли во шеснаесетникот на Марсијано додека Пандев и Трајковски се подготвуваа да влезат во игра. Но, селекторот реши да почека на исходот од прекинот, па да ги направи замените. А, прекинот во 64. минута донесе израмнување. Алиоски упати остра топка пред израелскиот гол, а Адеми го погоди тајмингот за скок и со глава донесе израмнување.

И тука, се чини, е моментот на кој требаше похазардерски пристап. Ангеловски даде знак за одложување на планираните замени наместо да се обиде, додека домашните беа во шок по примениот гол, да ги уфрли и Пандев и Трајковски во потрага по втор. Капитенот влезе пет минути подоцна, пет минути по него на терен втрча и новиот член на Мајорка, но резултатот остана непроменет.

Македонската селекција во последните 15-тина минути го одигра порезервирано и се ориентира на контри, па дури на моменти и „купуваше“ време како при корнерот во судиското продолжение кога изостана нафрлување и се реши на трошење на преостанатите минути. Во меѓувреме и одличната асистенција на Пандев до Елмас кој да шутира, се одлучи да додава пришто шансата отиде во неврат.

Петтото коло во групата Г ќе се комплетира во петок од 20.45 часот со дуелите Австрија – Летонија и Словенија Полска. Веќе во недела (20.45 ч.), македонската репрезентација ќе ` гостува на Летонија во Рига.

Израел – Македонија 1:1 (0:0)

Стадион: „Тото Тарнер“ во Бер Шева. Гледачи: 13.000. Гл. судија: Андреас Екберг. Асистенти: Мемет Кулум и Стефан Халберг (сите тројца од Шведска). Ж. картони: Елхамед, Соломон (Израел); Николов (Македонија). Стрелци: Захави во 55 минута за Израел; Адеми во 64 минута за Македонија.

Израел: Марсијано, Бен Харуш (Кајал 60’), Соломон, Таха, Елхамед, Даса, Начо, Перец, Дгани, Захави, Дабур (Хемед 75’). Селектор: Андреас Херцог.

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Велковски, Муслиу, Николов (Трајковски 75’), Алиоски, Барди (Спировски 83’), Адеми, Бејтулаи, Елмас, Несторовски (Пандев 69’). Селектор Игор Ангеловски.

Квалификации за ЕП 2020

Група Г, 5 коло

Израел – Македонија 1:1

Австрија – Летонија (петок, 20.45 ч.)

Словенија – Полска (петок, 20.45 ч.)

Табела: Полска 12 (-1), Израел 8, Австрија 6 (-1), Македонија 5, Словенија 5 (-1), Летонија 0 (-1).

ЕП 2020 Израел квалификации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.