Browsing: СПОРТ
Вардарци во полуфиналето загубија од бундеслигашот со 30:34 додека Каталонците ја потврдија апсолутната фаворитска улога во однос на Ал Вахда и славеа со 34:24
Ривали на „модрите“ во групата Ц, покрај „граѓаните“, ќе бидат и екипите на Шахтјор Доњецк и дебитантот Аталанта, а белграѓани во групата Б, освен со Баварците, ќе се пресметаат и со Тотенхем и со Олимпијакос. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага
Во одложениот меч од шеснаесетфиналето, „црвено-црните“ ја поразија Саса со 5:0. Два гола постигна Цветановски, по еден Аврамовски, Ибиши и Игњатов во убедливиот триумф над второлигашот од Македонска Каменица
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во третото коло на Ју-Ес опен по победата со пресврт над Дамир Џумхур од…
Ждрепката за групите во Лигата на шампиони е утре (четврток) од 18 часот
Јапонската тенисерка, која ја брани титулата во Њујорк, мораше низ три сета против Ана Блинкова од Русија, 84. на ВТА ранг листата, за конечни 6:4, 6:7, 6:2 по два и пол часа игра и пласман во второто коло
Српскиот првак го елиминира Јанг Бојс (1:1 и 2:2) и по вторпат во низа ќе биде дел од групната фаза, хрватскиот шампион, пак, беше подобар во двомечот со Розенборг (2:0 и 1:1). Во групната фаза ќе игра и Олимпијакос по двете победи (4:0 и 2:1) над Краснодар
Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски попладнево го стартуваше својот најнов подвиг, овојпат во обид да преплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести.
Времето со кое ја исплива 25 километарската рута од Свети Наум до пристаниште во Охрид беше 5:21:03 часа или осум секунди побавно од победничкото на Французинот Рајмон Аксел (5:20:55 часа) кој беше лауреат во Охрид и во 2013 година. Но, и тоа беше доволно за преземање на врвот во поредокот во ултрамаратони на ФИНА од Италијанецот Едуардо Стокино на две трки до крај на сезоната
Патеката долга 30 километри ќе води од Свети Наум до Охрид, а новитет од оваа година е воведување и на штафетна трка во три делници по десет километри. Првата измена ќе биде кај селото Трпејца, втората кај населбата Лагадин по што натпреварувачите ќе продолжат до крајната точка на кејот „Македонија“
Каталонците славеа со 5:2 во второто коло во Примера, мечот од ложата на „Камп Ноу“ го следеа Лионел Меси и Луис Суарез во друштво на нивните синови
Горан Пандев го одигра последните десетина минути, вклучувајќи го и судиското надополнување, во ремито на џеновјаните во Вечниот град. Удинезе претходно го порази бледиот Милан со 1:0 во меч во кој дебитира Илија Несторовски
