Browsing: СПОРТ

„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона

Каталонците триумфираа против Нант на Кире Лазаров со 32:25 и, речиси, се сигурни учесници на Фајналфор пресметките во „Ланксес арена“ во Келн на 1 и на 2 јуни. Веспрем, пак, славеше на мегданот на Фленсбург со 28:22

Фудбалерот на Саутемптон погоди во шестата секунда во мечот со Вотфорд за место во историјата на елитното англиско фудбалско друштво и тешко е веројатно дека некој ќе може да го потисне. Досегашен сопственик на најбрзиот гол во Премиерлигата беше Ледли Кинг кој се запиша во листата на стрелци за 9,82 секунди

„Кралевите“, кои патем се и актуелни шампиони на континентот, со 3:0 ја добија четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако и вечерва во Атина го совладаа грчкиот состав со 89:82. Фенербахче, пак, поведе со 2:1 во четвртфиналтната серија со Жалгирис по триумфот во Каунас со 66:57

Задрани им возвратија на „металците“ за поразот во првата средба и славеа во СЦ „Јане Сандански“ со 78:77 (по четвртини: 23:18. 20:17, 15:21, 19:22) за израмнување во серијата на 1:1 и обезбедување на мајсторка на домашен терен на 30 април

Сицилијанците одиграа 1:1 со екипата на Падова, втора одзади на табелата, во меч од 32. коло. Трајковски се запиша во листата на стрелци во 14 минута и заедно со Илија Несторовски одиграа цел натпревар за домашните

Белградските „црвено-бели“ го прегазија црногорскиот состав со 97:54 во петтиот меч во финалната серија во АБА лигата за конечни 3:2 четврти трофеј во регионалното натпреварување

Црногорскиот тим го одбрани домашниот терен против Црвена звезда, славеше со 84:80 (по четвртини: 20:25, 15:13, 22:20, 27:22) и израмни на 2:2 во финалната серија за шампионската титула. Решевачкиот петти меч е во понеделник во почеток во 19 часот