Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евролигашка „метла“ во Атина: Реал М. прв до Фајналфорот во Виторија

0
By Нова ТВ on April 23, 2019 СПОРТ
Фото: euroleague.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2019 23:35

Кошаркарите на Реал Мадрид се први учесници на Фајналфор турнирот во Евролигата што ќе се одржи во Виторија од 17 до 19 мај. „Кралевите“, кои патем се и актуелни шампиони на континентот, со 3:0 ја добија четвртфиналната серија со Панатинаикос, откако и вечерва во Атина го совладаа грчкиот состав со 89:82 (по четвртини: 23:18, 13:23, 22:17, 31:24).

„Зелените“ го решија во своја корист првото полувреме со пет коша разлика, благодарение на серијата со 11:0 од 16-та до 19-та минута. Гостите од Мадрид ја стопија негативата и во егал ситуација се влезе во завршните десет минути. Неизвесност беше присутна до самата завршница, а одлучувачка за победникот беше тројката на Кампацо во последната минута при водство на Реал М. со 78:74.

Кампацо и Руди Фернандез беа први стрелци во тимот од Мадрид. Двајцата уфрлија по 16 коша, Рендолф додаде 14, а Ајон заврши со 12. Најефикасен во поразената екипа беше Калатес со 17 поени.

Фенербахче, пак, поведе со 2:1 во четвртфиналтната серија со Жалгирис по триумфот во Каунас со 66:57 (по четвртини: 15:19, 16:15, 18:12, 17:11). Марко Гудуриќ со 17 коша и Јан Весели со 10 беа најзабележителни во составот од Истанбул, Нејт Волтерс беше лидер во тимот на Шарунас Јасикевичиус со 15 поени. Четвртиот меч во серијата е, исто така, во Каунас во четврток од 19 часот.

Евролига, четвртфинале

Панатинаикос – Реал Мадрид 82:89 (резултат во серијата 0:3)

Жалгирис – Фенербахче 57:66 (1:2)

Евролига кошарка Панатинаикос Реал Мадрид Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.