Browsing: СПОРТ

„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“

Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута. 

Дуелот во Рејкјавик, за кој отпаднаа Мартин Томовски, Мартин Серафимов, Мартин Манасков и Димитар Димитриоски, е во среда со почеток во 21:45 часот. Македонската ракометна репрезентација е со половичен ефект по две кола во квалификациите за ЕП 2020 – триумф над Турција (31:27) и пораз од Грција (26:28)

Ситуација, сепак, колку-толку ја амортизира со најавата дека учество во Ешторил го потврдија Стефанос Циципас и Кевин Андерсон кои се меѓу осумте најдобри на ранг листата. Турнирот од серијата 250 во Португалија ќе се одржи од 27 април до петти мај

Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига