Browsing: СПОРТ

Вардар ремизира кај Мешков Брест (31:31) во деветтото коло во групата А во Лигата на шампиони. Бод за „црвено-црните“ осигура Кристијан Дизингер во завршните секунди од средбата. Во наредното коло, на 2 декември, во Скопје ќе гостува Кјелце

Македонија во само една четвртина (првата) постигна двоцифрен број поени (11), во вториот и во последниот период уфрли по пет, а третиот го заврши со шест за шесто пораз во исто толку одиграни мечеви во квалификациите за ЕП 2019. Најефикасна беше Митрашиновиќ со 14 коша

Селекцијата на најмладата членка на УЕФА вечерва во Приштина го совлада Азербејџан со 4:0 во завршното коло во групата 3 и се најави како гостин на „црвено-жолтите“ во наредната фаза. Во второто полуфинале ќе играат Грузија – Белорусија

Предводникот на националниот тим не криеше задоволство од успешно исполнетата мисија и осигурената предност на домашен терен во полуфиналето против Белорусија или победникот од средбата меѓу Косово и Азербејџан во Приштина (вторник, 20.45 ч.)

„Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Филип Втори“ го поразија Гибралтар со 4:0 (1:0) за прво место во групата 4 во Д лигата, пласман во полуфинале за пласман на Европското првенство во 2020 година и напредување во Ц дивизија за сезоната 2020/21

Ова е најновиот детал во извештајот на Универзитетот во Падова, еден од водечките во светот во областа на патологијата, во врска со трагичната смрт на 32 годишниот капитен на Фиорентина што ја шокира јавноста во март во оваа година