Browsing: СПОРТ

Преку 90.000 парижани се собраа под отворено небо за време на мечот за трофејот во Москва додека Ајфеловата кула беше затворена за посетители. Властите притоа распоредија 110.000 полицајци низ цела Франција и апелираа дека безбедноста зависи и од нивното однесување, а не само од припадниците на безбедносните служби

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, која попладнево игра против Франција во финале на СП во Русија, како петгодишно момче се појавува во секвенца од 1990 година во филм чиј потписник е Павле Баленовиќ, музичар, каскадер и вљубеник во природата, во волците, во Лика и во Велебит. Неговиот производ беше прикажан и на „Би-Би-Си“, но и на неверојатни 44.000 ТВ куќи во светот

Хрватскиот селектор го доведе националниот тим до работ на фудбалска бесмртност. На сцена стапи тивко, без помпа, но и со голема доза на скептичност во јавноста во поглед на неговиот капацитет за справување на карактерите на „коцкестите“ ѕвездички. Со настапите на СП во Русија ја зацементира својата позиција на клупата

Македонскиот првак го декласира ТНС со 5:0 во првиот натпревар правејќи го чиста формалност реваншот на 17 јули на „Парк Хол“ во Освестри. Повремениот репрезентативец се запиша во листата на стрелци во 38. минута, во 53. минута, во 61. минута и во 66. минута, петтиот за тетовци, прв на средбата, беше дело на Изаир Емини во 14. минута