Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција на нозе: По падот на Бастилја, се слави и падот на Хрватска

0
By Нова ТВ on July 15, 2018 СПОРТ
Фото: .itv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 15, 2018 23:37

Франција е на нозе. По вчерашната прослава на падот на Бастилја, Французите денеска ја слават втората светска шампионска титула во фудбал. Патот до неа на мундијалот во Русија одеше преку Австралија (2:1), Перу (1:0) и Данска (0:0) во групната фаза, Аргентина (4:3) во осминафиналето, Уругвај (2:0) во четврт-финалето, Белгија (1:0) во полуфиналето и Хрватска (4:2) во големото финале.

Преку 90.000 парижани се собраа под отворено небо за време на мечот за трофејот во Москва додека Ајфеловата кула беше затворена за посетители. Последниот свиреж на аргентинскиот арбитар Ектор Питана беше дочекан со голем огномет во француската престолнина како знак за почеток во еуфоријата во која потона целата земја.

Фото: dailyhunt.in

На автопатот околу Париз за кратко време се создаде километсрака колона со возила во боите на француското знаме. Сирените се отповаруваат до заглушување, на улиците се пее, се игра во ноќта што ќе биде долга без разлика на работниот ден што следува. Властите притоа распоредија 110.000 полицајци низ цела Франција и апелираа дека безбедноста зависи и од нивното однесување, а не само од припадниците на безбедносните служби.

Францускиот претседател Емануел Макрон го следеше финалето на СП од ложата на стадионот „Лужники“ во друштво на неговата хрватска колешка Колинда Грабар-Китаровиќ, рускиот претседател Владимир Путин, првите луѓе на ФИФА (Џани Инфантино) и на УЕФА (Александар Чеферин).

Фото: twitter.com

Пред почетокот на средбата, Макрон имаше средба со неговиот руски домаќин Путин на кого му испорача пофалби за одлично организираниот мундијал и во шега му порача дека е дојден по шампионскиот трофеј.

Емануел Макрон СП 2018 финале Франција фудбал Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.