Browsing: СПОРТ

По Оберсдорф и по Гармиш Партенкирхен, полскиот ски-скокач триумфира и на првата станица од двете во Австрија, па доколку го повтори тоа и утре во Бишофсхофен ќе стане само втор натпреварувач со сите четири победи на традиционалната новогодишна турнеја. Досега тоа му успеа само на Свен Ханавалд во 2001 година

Шокантниот детаљ од договорот на Аргентинецот со Барселона го објави весникот „Ел Мундо Депортиво“. Репрезентативецот на „гаучосите“ го условил своето останување доколку екипата се натпреварува во Примера, во Премиерлигата, во во Бундеслигата или во француската Лига 1. Се додека покраината е дел од Шпанија, сумата за негов откуп изнесува 700 милиони евра

Британецот не сака ризик и дополнително влошување на ситуацијата со повредениот колк, па нема да настапи на турнирот во Мелбурн што го нема освоено ниту еднаш и покрај петте одиграни мечеви за титулата

Во новогодишно обраќање, севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун, меѓудругото, истакна дека Игрите во Пјонгчанг ќе бидат добра прилика за промоција на неговата земја, за искажување на национална гордост и со желба истите да бидат успешни

Русинката по речиси два и пол часа игра и десет спасени брејк топки ја елиминира Алисон Риске од САД со 4:6, 6:3, 6:2. Осминафиналето, пак, беше недостижна фаза за шампионката од Ролан Гарос, Јелена Остапенко

Американката во Абу Даби го одигра првиот меч по пауза од неколку месеци и породувањето во септември. И покрај поразот изрази задоволство што е повторно на терен. Овој како и настапите во првата половина на јануари ќе бидат нејзина подготовка за Австралија опен на кој ќе се обиде да ја одбрани титулата