Browsing: СПОРТ
Американската тенисерка уште пред породувањето во септември најави дека планира враќање на терените во првиот месец од 2018 година, а организаторите на првиот гренслем во сезоната сега потврдија дека таа се наоѓа на листата на учеснички на турнирот во Мелбурн
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија погоди на „Марко Антонио Бентегоди“ во Верона за триумф на неговиот тим над истоимениот домаќин со 1:0 во последниот натпревар од 15. коло во Серија А
Стефан Спировски го доби признанието за најдобар во домашото првенство, а Енис Барди за најдобар во странство на традиционалната свеченост…
Чаирчани триумфираа над шампионот со 2:0 во меч од 18 коло во домашното првенство, тетовци ги нокаутираа битолчани под Шара со 3:0 и се одлепија на 14 бода на врвот на табелата во однос на скопските „црвено-црни“ кои патем имаат два меча помалку – одложените против Работнички и против Академија Пандев поради настапите во Лига Европа
Спортинг го совлада тимот од Автокоманда со 31:27 во меч што, освен престиж, немаше значење за конечниот изглед на табелата во Д конкуренцијата
Во дербито на групата Ц, во Олденбург, Црногорките ја совладаа Данска со 31:24. Словенија ја порази Франција со 24:23, а Србија ја понижи Кина со 43:23. Норвешка, како бранител на титулата, ја правда улогата на фаворит против Унгарија (30:22)
Стразбур ги совлада „светците“ на својот „Стад де ла Мено“ со 2:1 за најголемо изненадување во 16 коло во француската Лига 1
Шестата епизода од македонско-шведска ракометна пресметка заврши како и претходните пет. „Црвено-црните“ го задржаа максималниот ефект со ривалот од континенталниот север по денешните 31:15 во СЦ „Јане Сандански“. Следува пауза во елитното клупско натпреварување на ЕХФ до почетокот на февруари, во меѓувреме, од 12 до 28 јануари ќе се одржи Европското ракометно првенство за мажи во Хрватска на кое ќе учествува и Македонија
Цедевита, овојпат, беше подобра од македонскиот првак во Загреб со 77:65 во воведниот меч од десеттата рунда во регионалното натпреварување
Домаќинот на 23. мундијал во преполната сала во Лајпциг го совлада Камерун со 28:15. Од 11. саботни дуели на турнирот за комплетирање на првото коло во фокусот се три. Франција – Словенија во групата А, Норвешка – Унгарија во групата Б и Данска – Црна Гора во групата Ц
Белграѓани го совладаа „кралскиот“ клуб среде Мадрид со 87:83 за трета победа во сезоната. Конечниот резултат го постави македонскиот интернационалец со тројката на седум секунди до крај на средбата
Ривали на северниот сосед во групата Е ќе бидат и Швајцарија и Костарика, „коцкестите“, пак, во груупата Д ќе играат и со Исланд и со Нигерија. Светското првенство во Русија ќе биде отворено со натпревар меѓу домашната репрезентација и Саудиска Арабија на 14 јуни на стадионот „Лужники“ во Москва на кој ќе се игра и големото финале на 15 јули