Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фудбалер на годината“: Вечер во знак на Спировски, на Барди, на Елмас

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 4, 2017 00:07

Стефан Спировски го доби признанието за најдобар во домашото првенство, а Енис Барди за најдобар во странство на традиционалната свеченост „Фудбалер на годината“ во организацијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Спировски беше спречен да присуствува на настанот што вечерва се одржа во Македонскиот народен театар (МНТ). Причина се клупските обврски кон унгарски Ференцварош на кој му пристапи во летниот преоден рок од екипата на Вардар.

Фото: levanteud.com

Барди, пак, немаше обврски кон Леванте во деновите од викендот (одигра цел меч во петокот против Малага) и беше дел од изборот во МНТ. Статуетката за ја доби од Раул Гонзалез, тренер на европскиот ракометен првак Вардар и воедно селектор на Македонија.

За најдобар млад играч е прогласен Елиф Елмас од Фенербахче кој во 2017 година настапи со националниот тим (У21) на ЕП во Полска. Признанието за тренер на годината заврши кај Гоце Седлоски, а за најдобар стрелец кај напаѓачот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Фото: sabah.com.tr

Горан Станковски ја прими наградата за најдобар тренер во младински категории, а Работнички, покрај него, може да се пофали дека ја поседува и најдобрата екипа во младински фудбал, но дека ја има и фер-плеј екипата за 2017 година. Александар Мишов од Академија Пандев е прогласен за најдобар стрелец во младинска категорија.

Судија на година е интернационалецот Александар Ставрев, најдобар фудбалски работник е Илија Матеничаров од Академија Пандев. Зоран Лекиќ од КФМ Шкупи е прогласен за најдобар тренер во футсал, категорија во која наградата за најдобар играч ја однесе Александар Глигоров од КФМ Велес.

Најдобар тренер во женски фудбал за 2017 година е Кирил Изов од ЖФК Истатов, најдобра фудбалерка е Илза Максути од ЖФК Ас јунајтед), а признанието за најдобар стрелец кај дамите заврши во рацете на Ленче Андреевска од ЖФК Драгон.

Специјални признанија им беа доделени на Вујадин Станојковиќ, кормилар на репрезентацијата на фудбалери до 19 години како и на Горан Станиќ, селектор на националниот тим У17.

Елиф Елмас Енис Барди Стефан Спировски Фудбалер на годината ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.