Фудбалерите на ПСЖ за првпат во оваа сезона почувствуваа горчина на пораз. Крајот на победничката серија на „светците“ што траеше цели 25 натпревари стави тимот на Стразбур кој славеше на својот „Стад де ла Мено“ со 2:1 во 16 коло во француската Лига 1.

Стрелци за моментно 16 екипа на табелата беа Жоиа Нуно да Кошта во 13 минута и Стефан Баоке во 62 минута. Килијан Мбапе во меѓувреме реализира во 42 минута, но на крајот се покажа како единствен погодок за гостите од главниот град. Простор за паника во тимот на Унаи Емери, сепак, нема со оглед на деветте бода предност во однос на Монако на врвот на табелата.

Последниот пораз на ПСЖ датираше од 30 април. Тогаш Ница ги освои трите бода по триумфот со 3:1.

Лига 1, 16 коло

Стразбур – ПСЖ 2:1

Лил – Тулуз 1:0

Монако – Анжер 1:0

Ница – Мец 3:1

Рен – Амиен 2:0

Троа – Генгам 0:1

Дижон – Бордо 3:2

Недела

Сент Етјен – Нант (15 ч.)

Каен – Олимпик Лион (17 ч.)

Монпелје – Олимпик Марсеј (21 ч.)

Табела: ПСЖ 41, Монако 32, Олимпик Марсеј 31 (-1), Олимпик Лион 29 (-1), Нант 26 (-1), Рен 24, Каен 23 (-1), Монпелје 21 (-1), Амиен, 21, Дижон 21, Бордо 20, Ница 20, Сент Етјен 19 (-1), Генгам 19, Троа 18, Стразбур 18, Лил 18, Тулуз 16, Анжер 14,  Мец 4.