Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар го замрзна Кристијанштад на -16

0
By Нова ТВ on December 2, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 2, 2017 21:23

Фуриозна партија на европскиот машки ракометен првак за победничко збогум со Лигата на шампиони до февруари. Вардар го декласира Кристијанштад на домашен терен со 31:15 (полувреме 14:8) и го одработи 15. меч во низа без пораз во елитното натпреварување, вкупно 20. во серија на сите фронтови и, што е најважно, направи нов исчекор до директен пласман во четврт-финалето.

Шестата епизода од македонско-шведска ракометна пресметка заврши како и претходните пет. „Црвено-црните“ го задржаа максималниот ефект со ривалот од континенталниот север, а за текот на последниот судир е доволно да се истакне Арпад Штербик. Вардаровиот голман ги исфрустрира противничките играчи и на крајот забележа повеќе одбрани одошто тие сите заедно голови. Девет удари одбрани во воведните 30 минути кон кои додаде уште осум во продолжението за вкупно 17 или две повеќе од вкупниот број на реализации на составот на Ола Линдгрен.

Најефикасен во мечот беше Тимур Дибиров со седум погодоци, Карачиќ запиша пет, а Македа и Чупиќ по четири во убедливиот триумф на Вардар. Соренсен беше прв стрелец во порзената екипа со четири гола.

Натпреварите во машката Лига на шампиони ќе продолжат во првата половина на февруари во 2018 година. Прв ривал на вардарци по паузата ќе биде Барселона во „Блауграна“. Во вакуум периодот за клупски активности ќе се одржи Европското првенство во Хрватска (12-28 јануари). Меѓу 16 репрезентации учеснички и македонската која ќе игра во групата Ц со селекциите на Германија, на Црн Гора и на Словенија.

Вардар – Кристијанштад 31:15 (14:8)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судии: Тарас Куз и Виктор Жоба (двајцата од Украина).

Вардар: Штербик (17 одбрани, 1 седмерец), Милиќ, Стоилов, Криштопанс, Мораеш Фереира 2, Македа 4, Карачиќ 5, Абутовиќ, Кањелјас, Циндриќ 3, Чупиќ 4, Дибиров 7, Шишкарев 1, Борозан 2, Војводиќ 1, Марсениќ 2. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 минути.

Кристијанштад: Л. Ларсон (3 одбрани), Капелин (5 одбрани), Липовац, Арнарсон, Хенингсон 3, Соренсен 4, Нилсен, Лагергрен, Ј. Ларсон, Хален 3, Фрејман, Першон 1, Кринц 2, Јонсон 2, Ериксен. Тренер: Ола Линдгрен.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 10 минути.

Арпад Штербик Вардар Кристијанштад Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.