Browsing: СПОРТ

Нокаут фазата за мундијалот во 2018 година вечерва (20.45 ч.) ја отвораат Хрватите и Грците на „Максимир“, односно, Северна Ирска и Швајцарија во Белфаст. Шведска утревечер (20.45 ч.) ќе биде домаќин на Италија, а Данска во сабота на Република Ирска

На тапет кај грчките власти, покрај првиот човек на „црвено-белите“ од Пиреја, се најдоа уште 27 лица. Дел од нив се поранешни вработени во клубовите и во телата на Федерацијата, а дел се сè уште активни чинители во најважната споредна работа во светот

Традиционалната шкотска народна носија за мажи Федерер ја доби од една госпоѓа од трибините за време на хуманитарниот меч во Глазгов и без многу убедување ја стави на себе во гемот на сопствен сервис што наиде на воодушевување кај гледачите

Легендарниот Италијанец го имаше последниот настап против Колумбус во четврт-финалето на источната конференција во американската МЛС лига. Наредниот месец му истекува договорот со клубот во САД, се шпекулира дека нема да потпише нов, дека наскоро ќе објави крај на кариерата и ќе биде промовиран во нов соработник во стручниот штаб на неговиот сонародник на „Стемфорд бриџ“ во Лондон

Бразилскиот ас порача дека одлуката е конечна и нема враќање назад како што беше случај за оваа сезона. Пилотот од Сао Паоло се повлекува со 269 трки вклучувајќи и последните две во 2017 година, 41 пласман на подиум, 16 пол-позиции и 11 победи. Најблиску до шампионската титула беше во 2008 година како член на Ферари

Реакцијата на поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“ доаѓа по убедливиот пораз на „сините“ од Рома во Лигата на шампиони и во основа се однесува на трансферот на српскиот репрезентативец кој на крајот на јули се пресели од „Стемфорд бриџ“ на „Олд трафорд“ за сума од 40,23 милиони фунти

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија повика 21 играч за претстојниот пријателски меч со Норвешка во Скопје на 11 ноември. Меѓу нив и Стефан Ристовски кој одигра одлични 90 минути за Спортинг Лисабон против Јувентус во Лигата на шампиони и вардарците Висар Муслиу и Дарко Велковски кои се враќаат во тренажен процес по здобиените повреди

„Волчицата“ го декласира англискиот шампион на „Олимпико“ со 3:0 и направи голем исчекор кон осминафиналето во Лигата на шампиони. Двоен стрелец за домашните беше Стефан ел Шарави, печат на големиот триумф стави Пероти. ПСЖ и Баерн Минхен обезбедија место меѓу најдобрите 16 во елитното натпреварување на две кола до крај на групната фаза