Browsing: СПОРТ

Полициската офицерка од Бад Лотеберг, западна Германија, означи почеток и одлично се снајде на олимпискиот стадион во Берлин во дуелот меѓу Херта и Вердер (1:1) во третото коло во Бундеслигата. Потегот на нејзиното раководство се толкува како поместување на границите и надеж дека и останатите топ национални шампионати во Европа (Серија А, Примера, Лига 1 и Премиерлига) ќе го следат примерот

Римските „небесно-сини“ ги надиграа „росонерите“ со 4:1 и покажаа дека се наоѓаат во одлична форма. Италијанскиот репрезентативен напаѓач беше незапирлив за гостинската одбрана на „командантот“ Леонардо Бонучи. Удинезе на својот стадион „Фриули“ со минимален триумф против Џенова на Пандев кој беше стартер и принудно заменет во 39 минута

Составот на Роберто Манчини одигра 0:0 против рускиот премиерлигаш од Москва и со три реми во последните пет меча во домашната сцена ќе допатува на мегдан со Вардар во УЕФА Европа лигата. Дуелот на македонскиот шампион со ривалот од Санкт Петербург е во четврток на „Телеком арена“ со почеток во 21,05 часот

Девојката од Флорида во сеамериканското финале во Њујорк, прво од 2002 година (сестрите Вилијамс), ја порази сонародничката Медисон Киз со 6:3, 6:0 за прва гренслем титула во нејзината кариера, но и за испишување на една од најубавите спортски приказни во 2017 година

Марк Ут беше двоен стрелец на „Рајн Некар арена“ за голема радост на домашните додека Карло Анчелоти се обидуваше да избегне пораз и со Хамес Родригез кој го забележа првиот официјален настап за Баварците ниту, пак, Робен и Рибери кои ги испрати на терен во второто полувреме. Борусија Д. не успеа со играч повеќе до три бода против Фрајбург (0:0), Баер Л. поразен и од Мајнц

Лондонските „сини“ го поразија Лестер на неговиот „Кинг Пауер“ стадион со 2:1, „топчиите“ на Венгер убедливи против Борнмут со 3:0, резултат со кој и Тотенхем го совлада Евертон на „Гудисон парк“. Манчестер сити, пак, го потопи Ливерпул на „Етихад“ со 5:0

„Змајчеки“ во осминафиналето ја совладаа Украина со 79:55, „панцерите“ ја елиминираа Франција со 84:81. До крајот на денот во Истанбул уште две пресметки во топ 16 фаза. Финска и Италија ќе играат од 17,45 ч., а во вечерниот термин (20,30 ч.) Литванија против Грција

Кениецот ја истрча 30 километарската патека од Свети Наум до градското пристаниште за 1:49,19 часа, Црногорката на целта стигна за 1:55,52 часа. Кокан Ајановски на четвртото место и Андријана Поп Арсова со пласман на третото место беа најдобри македонски претставници

Тимот од Градски во „пет до 12“ од летниот преоден рок го комплетира ангажманот на 19 годишниот напаѓач од албанскиот прволигаш од Корча. Од таму претходно пристигна и Бразилецот Сержо Антонио да Луис Жуниор (23). Меѓу „црвените“ пристигнаа и Ерменецот Вардан Погосјан, повремениот македонски репрезентативец Остоја Стјепановиќ и Флоријан Кадриу

Стивенс во полуфиналето ја елиминира искусната Венус Вилијамс со 6:1, 0:6, 7:5, а Киз за 68 минути ја совлада Коко Вандевеј со 6:1, 6:2. Вечерва на гренслем програмата во Њујорк и машките полуфинални дуели Андерсон – Карено Буста и Надал – Дел Потро