Browsing: СПОРТ

Голот на поранешниот член на ПСЖ и на Реал Мадрид во 47 минута беше доволен за конечен триумф на екипата на Марк Хјуз, но и како казна за Арсен Венгер кој продолжи со експерименти во составот. Прва радост и за Ливерпул во новата сезона по минималните 1:0 против Кристал палас на „Енфилд“

„Климе Савин“ патеката од „Свети Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри, тој ја мина за 5:15,14 часа за прва победа во водите на Охридското езеро. Втор беше Евгениј Поп Ацев од Македонија, трет Аргентинецот Гилермо Бентола. Италијанката Барбара Поцобон со најдобро време кај девојките

Британскиот тенисер се пријави во „Големото јаболко“, но она што се поставува како дилема е дали неговиот повреден колк ќе ги издржи напорните тренинзи, а со тоа и дали ќе биде во состојба да настапи на завршниот гренслем во сезоната

Со соопштение се јави и Реал Мадрид кој на својата официјална интернет страница изрази длабоко жалење за настанот. Весникот „Марка“ што по традиција важи за близок до „кралскиот“ клуб испечати насловна страница со црна лента и голем натпис „Денеска не можеме да зборуваме за спорт“

Сметка за бледите партии на Баварците во подготвителниот период плати Баер Леверкузен кој го положи оружјето на „Алијанц арена“. Тимот на Карло Анчелоти славеше со 3:1. Мечот во Минхен започна со едноминутен молк во чест на жртвите во терористичкиот напад во Барселона.

Новиот вардаров менаџер предупредува на потребата од ладни глави и дека нема место за еуфорија. Зад екипата се само 90 минути и има уште толку до посакуваната цел – пласман на македонски претставник во групите во Лига Европа или во Лигата на шампиони што е сон од осамостојувањето