Александар Стуџински од Германија е победник на годинашното, 31. издание на Охридскиот пливачки маратон. „Климе Савин“ патеката од „Свети Наум“ до градското пристаниште, во должина од 30 километри, тој ја мина за 5:15,14 часа за прва победа во водите на Охридското езеро.

Второто место, со задоцнување од само 33 стотинки, го освои македонскиот претставник Евгениј Поп Ацев, трет низ целта мина Гилермо Бентола од Аргентина.

Италијанката Барбара Поцобон со резултат 5:15,24 беше најдобра кај дамите пред сонардничката Аличе Франко со нецела минута послабо време од победничкото.

Охридскиот пливачки маратон, по традиција, е под покровителство на претседателот на Република Македонија и со награден фонд од 10.000 евра. Организатор на манифестацијата беше општина Охрид во соработка со Пливачката федерација на Македонија (ПФМ), Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортови.