Browsing: СПОРТ

Хрватска ја оправда фаворитската улога во балканската пресметка во групата Б и славеше со 35:14 (полувреме 14:3) во натпревар во кој немаше никаква неизвесност. Составот на Борче Марковски денеска (17 ч.) во дуел со Русија во второто коло

„Росонерите“ ја совладаа Крајова со 1:0 во првиот меч од третото квалификациско коло за Лига Европа, но и прв официјален меѓународен за тимот од „Сан Сиро“ по 2014 година. Со ист резултат, пак, четвртопласираната екипи во хрватското првенство за минатата сезона го порази тимот од Ајндховен на неговата „Филипс арена“

„Триколорите“ притоа без проблеми се пробија до мечевите за распределба на медалите по убедливите 33:17 против „црвено-жолтите“ во четврт-финалето на СП во Алжир. Утрешниот е слободен ден за составот на Илија Темелковски кој во сабота ќе разигрува со Данска или Русија за пласман на мундијалот

Тракаи славеше со 2:1 во првиот меч од третото коло што македонскиот вицепрвак го заврши со две исклучувања. Директен црвен картон во 57 минута доби Стенио Жуниор, стрелец на единствениот погодок за тетовци во Вилнус, а пет минути подоцна по вторпат во бележникот на судијата од Северна Ирска влезе и Ардијан Цуцули. Двата гола за домашните беа дело на Максим Максимов во првата минута и во 52. Реваншот е во четврток на „Младост“ во Струмица од 17 часот

„Црвено-жолтите“ ракометни надежи оставија срце на терен и со пресврт во второто полувреме го совладаа Алжир со 24:20 се пробија меѓу осумте најдобри селекции на мундијалот. Мечот со „триколорите“ е закажан за попладнево од 19,30 часот

Македонскиот репрезентативец додаде за водство во 30 минута што хрватскиот претставник не успеа да го сочува во продолжение на средбата. Словенечкиот првак, пак, ќе патува на реванш на Исланд со предност од еден гол по победата на домашен терен над Хафнарфјордур со 1:0

Квартетот Мат Греверс, Лили Кинг, Кејлеб Дресел и Сајмон Мануел исплива до злато за 3:38,56 минути. Второто место го освои Австралија, на делба на третото завршија Канада и Кина. Британецот Адам Пити, пак, стигна до второ злато на мундијалот во Будимпешта

Еден од најдобрите светски тенисери во моментот потенцира дека воопшто не му било лесно да донесе одлука за пауза што за првпат во неговата кариера ќе трае околу шест месеци. Добра вест во целата ситуација е што операција, барем засега, не е потребна и покрај сериозноста на повредата што е настаната од преоптоварување

Србинот го напушта водечкиот квартет за првпат по десет години како последица на повлекување од претстојниот Роџерс купот поради повреда на лактот што, како бранител на титулата, ќе значи одземање на 1.000 бода