Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал од Вардар до Триглав: Регионот на праг на плеј-оф во ЛШ и ЛЕ

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 28, 2017 18:14

Фудбалските претставници од просторите на поранешна Југославија како ретко кое лето досега, во така голем број, се наоѓаат на праг на плеј-оф во Лигата на шампиони (ЛШ) и, особено, во Лига Европа (ЛЕ). Исклучок се екипите од Црна Гора, БиХ и Косово кои завршија во меѓународните авантури за ова лето, па повеќе среќа и подобра ждрепка ќе очекуваат во наредното.

Останаа десет на број од кои шест во ЛЕ и четири во ЛШ. Во најнезавидна ситуација е српскиот првак Партизан кој ќе патува на реванш против Олимпијакос со 1:3 од Белград. Но, олеснителна околност за „црно-белите“ е што и при елиминација во Пиреја, како многу веројатна опција, ќе останат на меѓународната сцена и ќе продолжат во плеј-офот за второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Истото ова важи и за Вардар во случај оние 1:0 од „Телеком арена“ во Скопје против Копенхаген да не бидат доволни на реваншот во Данска.

Фото: nk-rijeka.hr

Риека има одлични 1:1 од гостувањето во Австрија кај Салцбург, а Марибор ќе „летне“ на Исланд на мегдан со Хафнарфјордур со предност од 1:0 по воведните 90 минути на стадионот „Људски врт“.

Фото: crvenazvezdafk.com

Слична е ситуацијата со екс-ју екипите и во квалификациите за Лига Европа. Црвена звезда и Динамо Загреб ја искористија предноста на домашниот терен и со победи ќе одбројуваат до гостувањата во Чешка, односно, Норвешка.

Фото: odd.no

„Црвено-белите“, на стадионот „Рајко Митиќ“, ја поразија Спарта со 2:0 што треба да бидат доволни во реваншот во Прага за прогрес во натпреварувањето. „Модрите“, пак, неочекувано тесно (2:1) триумфираа над Одд Гренланд на „Максимир“ меѓутоа и таквиот исход би требало да биде доволен за премостување на норвешкиот ривал во возвратниот дуел во Скјен.

Фото: nk-osijek.hr

Голем триумф на гости што одекна како сензација во фудбалска Европа забележа Осиек. Тимот на Музафер Ејупи и Милован Петровиќ славеше на гостувањето кај ПСВ Ајндховен со 1:0 што му дава за право да полага голема надеж за конечна победа во двомечот со гигантот од Холандија.

Фото: hajduk.hr

Хајдук успеа остане непоразен (0:0) на теренот на Брондби, па „билите“ во реваншот на „Пољуд“ ќе атакуваат на било каква победа за елиминација на данскиот ривал.

Фото: facebook.com/fcshkendija

Шкендија има одличен пораз по гостувањето во Литванија ако воопшто и може да се опише пораз како одличен резултат во спортот. Но, во случајот со тетовци е со оглед дека останаа со двајца фудбалери помалку во последните 30. минути во Вилнус и успеаја да се останат на двата примени гола до исклучувањата на Жуниор (57 минута) и Цуцули (62 минута). Погодокот што го постигна Бразилецот, по одлична асистенција од Хасани, може да биде и решавачки за севкупниот победник во 180. минути од македонско-литванската пресметка.

Фото: uefa.com

Со најтешка задача за реваншот е тимот на Домжале кој ќе мора да брка триумф со два гола разлика и тоа против секогаш упорни Германци. Фрајбург се радуваше со 1:0 по 90. минути на својот „Шварцвалд“ стадион задавајќи му комплицирана домашна задача на словенечкиот состав.

Лига Европа/квалификации/3 коло/први мечеви

Тракаи (Литванија) – Шкендија (Македонија) 2:1

ПСВ Ајндховен (Холандија) – Осиек (Хрватска) 0:1

Брондби (Данска) – Хајдук (Хрватска) 0:0

Црвена звезда (Србија) – Спарта Прага (Чешка) 2:0

Динамо Загреб (Хрватска) – Одд Гренланд (Норвешка) 2:1

Фрајбург (Германија) – Домжале (Словенија) 1:0

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/први мечеви

Салцбург (Австрија) – Риека (Хрватска) 1:1

Марибор (Словенија) – Хафнарфјордур (Исланд) 1:0

Вардар (Македонија) – Копенхаген (Данска) 1:0

Партизан (Србија) – Олимпијакос (Грција) 1:3

квалификации Лига Европа Лига на шампиони Плеј-оф фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.