Browsing: СПОРТ

По минималниот триумф на „Филипс арена“ пред седум дена, хрватскиот состав го совлада холандскиот гигант од Андховен и во реваншот на домашен терен со 1:0. Словенечкиот состав, пак, го елиминира бундеслигашот по триумфот на домашен терен со 2:0

Крилниот напаѓач на Барселона и капитен на бразилската репрезентација потпиша петгодишен договор со „светците“ и го урна рекордот од минатото лето на Пол Погба од Јувентус во Манчестер за 105 милиони евра. Бразилецот во Париз ќе заработува неверојатни 45 милиони евра по сезона

Тетовци попладнево во Струмица го совладаа Тракаи со убедливи 3:0 и се придружија на Вардар во утрешната ждрепка за последното скалило во второто по ранг европско клупско фудбалско натпреварување

Реакцијата од Ла Лига е без легална основа за спречување на трансферот бидејќи е исполнет услов од договорот, но, сепак, се решија да стават вето и најавија жалба до УЕФА за прекршување на финансискиот фер-плеј од францускиот клуб

Според селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, лошото издание во првото полувреме било пресудно за конечниот исход на мечот. Естонија во сабота (20,30 ч.) во Скопје е прва наредна прилика за „црвено-жолтите“ за рехабилитација по настапот во Приштина

„Црвено-црните“ во неверување од расплетот на ситуацијата на „Паркен“ во Копенхаген против истоимениот домаќин во реванш мечот од третото квалификациско коло за ЛШ, но изразуваат и оптимизам дека можат до групната фаза во Лига Европа

Косоварите ги совладаа „црвено-жолтите“ со 72:68 во првиот меч во групата Ц за внесување на максимална неизвесност за првите две позиции на табелата кои водат во наредната фаза за мундијалот. Првото полувреме навестуваше можен дебакл што беше избегнат во второто, но „будењето“ беше задоцнето за пресврт

Данскиот првак успеа да ја анулира негативата од еден гол по првата средба во Скопје и со убедливи 4:1 славеше на својот „Паркен“ стадион во реванш мечот од третото квалификациско коло за елитното натпреварување на УЕФА. Вардарци имаа резултат и играч повеќе на теренот по 71 минута во која исклучен беше Грегуш, но во последните 20. минути примија уште два гола за елиминација

Нивната експедиција ќе брои вкупно 19 спортисти кои ќе се натпреваруваат како неутрални. Белата, црвената и сината се забранети и на накит, завои, ленти, итн. Во случај да освојат злато, при прогласувањето ќе биде интонирана химната на ИААФ, а се предвидени казни доколку некој ја пее руската

Ривал на „црвено-жолтите“ вечерва (20,15 ч.) во воведните 40 минути за враќање на загубениот имиџ и рејтингот од минатото е Косово. Мечот е во рамки на претквалификациите за мундијалот во 2019 година. Во групата е уште и селекцијата на Естонија која ќе гостува во сабота во Скопје