Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Женско ЕП во ракомет (У19): Македонија со најубедлив пораз на стартот

0
By Нова ТВ on July 28, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/EHFW19EURO2017SLO/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 28, 2017 01:31

Македонија го запиша најубедливиот пораз во мечевите од првото коло на Европското првенство за ракометарки до 19 години во Словенија. Хрватска ја оправда фаворитската улога во балканската пресметка во групата Б и славеше со 35:14 (полувреме 14:3) во натпревар во кој немаше никаква неизвесност.

„Одиравме многу слабо во одбрана и загубивме многу топки во напад. Се надевам на подобро издание во наредниот меч со Русија“, беше краткиот коментар на македонскиот селектор, Борче Марковски.

Хрватска не губеше време да покаже кој е кој во салата „Златорог“ во Целје. Набрзина поведе со 2:0, до 11 минута имаше плус пет (7:2), до истекот на првата третина од средбата додаде уште три (11:3) и уште толку во продолжение до паузата (14:3).

Нејзините ракометарки го задржаа нивото во одбрана и напад и во вториот дел на што се надоврзаа и голманките Магдалена Ечимовиќ со 11 одбрани и Јулија Бешен со четири.

Тена Јапунџа и Леонида Гичевска беа најефикасни во двете репрезентации со шест гола.

Шампионатот продолжува денеска со средби од второто коло во кое Македонија од 17 часот ќе игра против Русија.

Женско ЕП во ракомет (У19) – Словенија 2017

Резултати, 1 коло

Група А

Унгарија – Романија 26:21

Шведска – Холандија 23:26

Група Б

Хрватска – Македонија 35:14

Русија – Норвешка 23:15

Група Ц

Франција – Србија 26:21

Шпанија – Германија 20:21

Група Д

Данска – Португалија 32:16

Словенија – Црна Гора 17:24

ЕП за жени Македонија Ракомет (У19) Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.