Browsing: СПОРТ
„Црвено-жолтите“ го повторија почетокот од мечевите со Тунис и со Ангола, промашуваа зицери, направија доста грешки само што овојпат имаа ривали што знаеше да казни и заслужено ги порази. Утре е слободен ден, во среда (20,45 ч.) на ред е дуелот со Шпанија
Наградниот фонд за турнирот што започна ноќеска е зголемен за 14 отсто во однос на лани и „тежи“ рекордни 50 милиони долари. Во распределбата за средствата се опфатени и квалификациите во кои најдобрата македонска тенисерка мина две кола
Денешниот меч во „Мец арена“ ќе биде петти меѓусебен на „црвено-жолтите“ со „змајчеки“. Двете селекции имаат по една победа и две ремија
Првиот светски рекет го елиминира Илја Марченко од Украина со 7:5, 7:6, 6:2, Роџерс и пресуди на четвртата носителка Романија со убедливи 6:3, 6:1
Инцидентот се случи за време на натпревар во флорбол во Чешка Требова, гратче во регионот Пардубице. Двете екипи, стручните штабови и официјалните лица навреме го напуштија теренот и се засолнија во соблекувалните
Македонскиот капитен се врати на првото место на лисата на стрелци на СП во Франција. По два меча има 22 гола или девет повеќе од Уве Геншајмер кој утре со Германија го има вториот настап на турнирот
„Црвено-жолтите“ вечерва триумфираа над африканската селекција со 31:22 за втора победа во групата Б и, речиси, обезбедено осминафинале иако до него има уште три меча. Првиот нареден е во понеделник (17,45 ч.) против Словенија
Македонската тенисерка не беше сама во трите квалификациски настапи за Австралија опен. Имаше поддршка од група иселеници кои, како што самата напиша, го збогатиле прекрасното чувството што го доживеа на гренслемот
Французинот во Буенос Аирес ја освои седмата титула во кариерата во конкуренција на автомобилисти, останатите шест во трката во која дебитира во 1991 година ги има како мотоциклист
Словенците го поразија Исланд со 26:25 во групата Б во која и Македонија вечерва ќе игра со Ангола. Безјак најефикасен со шест гола. Бразил триумфира против Полска со 28:24 во меч во групата А
Македонија вечерва (20,45 ч.) го игра вториот меч на Светското првенство во Франција. Со евентуална победа „црвено-црните“ ќе бидат, речиси, сигурни осминафиналисти на турнирот. На хартија се фаворити, како такви треба да се оправдаат и на терен
Изречената санкција е за „незапазување на нумеричкиот редослед“ на играчите при претставувањето на терен пред дуелот со Тунис во првото коло на мундијалот во Франција. Казна беше платена и на ЕП во Полска лани за настап во различна боја на чорапи
