Browsing: СПОРТ
Канаѓанецот во два сета славеше со 6:3, 6:4 и, се чини, покажа дека повредата на раката поради што го предаде полуфиналето против Енди Мареј во Париз е минато
Белгијците на „Крал Бодуен“ во Брисел славеа со 8:1 против ривалот од Балтикот. Хет-трик постигна Дрис Мертенс, двапати погоди Лукаку и по еднаш Муние, Азар и Караско
Чешките тенисерки во финалето во Стразбур ја совладаа Франција со 3:2. Клучен беше натпреварот во двојки во кој Барбара Стрицова и Каролина Плишкова ги совладаа Каролин Гарсија и Кристина Младеновиќ со 7:5, 7:5
Гостинските навивачи, според информациите на медиумите од БиХ, биле нападнати пред стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја. На двајца им била укажана помош на лице место, третиот заврши во болница
Британецот беше најумешен во ненормалните услови за возење на патеката Интерлагос за 52 триумф во кариерата, деветти во оваа календарска година и премиерен на асфалтот крај Сао Паоло. Трката во Абу Даби ќе го даде новиот првак
Австриецот беше најдобар во финскиот зимски центар и со време од 1:44,67 минути ја забележа 19 победа во најтехничка дисциплина, вкупно 40 во кариерата.
Менаџерот на Манчестер јунајтед и на стоперот на Барселона и шпанската репрезентација еден до друг во „О2 арена“
Хрватската репрезентативка смета дека ЖРК Вардар во Будимпешта го одигра најдобиот меч досега. „Црвено-црните“, речиси, беа непогрешливи и нападите ги завршуваа со 56 отсто успешност и 90 отсто од прецизност на ударите.
Српскиот тенисер го совлада Доминик Тим со 2:1 во сетови (6:7, 6:2 6:0). Вечерва играат уште Раониќ – Монфис
Вардарки со камата го наплатија ремито од воведното коло во Скопје и ги декласираа Унгарките во нивната арена со 37:24. Лекиќ постигна 7 гола, Радичевиќ и Мавсар по шест за убедлив триумф и прво место во групата Б
„Црвената фурија“ имаше апсолутна доминација во мечот што го доби со 4:0. За нашата селекција ова е четврти пораз во квалификациите за СП 2018, прв без постигнат гол. Во март ќе следува гостување во Лихтенштајн
Британскиот пилот на Мерцедес во квалификациите на патеката „Интерлагос“ ја обезбеди 60. пол-позиција во кариерата, откако го извозе најбрзиот круг од 1:10,736 минути. Трката за ГН на Бразил е утре во 17 ч. по средноевропско време
