Browsing: СПОРТ

Швајцарецот го совлада хрватскиот тенисер во два сета со тај-брејк и остана во игра за полуфинале на турнирот на осумте најдобри во сезоната. Сега му треба победа над Мареј, но и Чилиќ да освои сет или да слави против Нишикори

Македонскиот кошаркарски првак загуби на домашен терен од Лиеткабелис со 80:87 и „закован“ е на последното место во групата А со скор 0-5 каков имаат уште Будуќност и Унион Олимпија во Ц, односно, Д конкуренцијата. „Металците“ во петокот го дочекуваат ФМП во АБА лигата

Специјализираниот спортски канал е присутен во 59 држави во моментот и во целосна сопственост е на „Дискавери Комјуникејшнс“. Новата редакција ќе брои преку 25 коментатори во Хрватска

Јапонската интернет трговија ја истиснува катарската авиокомпанија од градите на Меси и компанија и по сезона ќе плаќа меѓу 50 и 60 милиони евра во зависност од резултатите на Каталонците

Српскиот тенисер триумфира против Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ со 7:6 (8:6), 7:6 (7:5) за втора победа на завршниот турнир во сезоната и зацврстување на првото место во групата Б

Домашните поведоа преку Лалана и Варди во деветтата, односно, 48 минута, „фуријата“ избегна пораз во продолжението. Аспас во 90 минута намали на 2:1, шест минути по него погоди и Иско за 2:2

Германската легенда во разговор за „Билд“ го повтори ставот дека репрезентации како Сан Марино, Гибралтар, Косово треба да играат меѓусебе пред да се вклучат во главната ждрепка. Тој се пожали и на принципот „една земја, еден глас“ во системите за гласање во УЕФА и ФИФА