Browsing: СПОРТ

Евролигашот додаде гас во третиот и последниот период за конечни 91:70 против „соколите“ по егал резултатот на полувреме (38:38). Симоновиќ и Бјелица постигнаа ппо 21 поен за белграѓани, само Лабовиќ (16) двоцифрен кај гостите од Скопје

Српскиот тенисер истакна дека доцна се „разбудил“ и загубил од најдобиот во светот во моментот. Во кусата ретроспектива не изрази жалење бидејќи во изминатите 12 месеци стигна до трофејот на Ролан Гарос, единствен гренслем што му фалеше

Металурзи славеа со 31:26 и го препуштија „фенерот“ во групата на домашната екипа. Филип Кузмановски најефикасен со девет гола, одличен меѓу стативите беше Арсиќ. Следен ривал за тимот од Автокоманда е Татран Прешов

Македонскиот напаѓач денеска против Болоња го постигна седмиот гол во оваа сезона. Зад него, меѓудругите, се Бака, Бориело, Манџукиќ, Калиниќ, Дестро. Лидери засега се Белоти, Џеко и Икарди кои имаат по 10 погодоци

Вториот светски рекет го совлада јапонскиот тенисер со 6:1, 6:1 и закажа финале со Енди Мареј за утревечер во 19 часот. Од 16.30 часот ќе играат Континен/Пирс против Класен/Рам за трофејот на завршниот турнир во конкуренција на двојки

Поубедлив, воопшто, е само тимот на Ференцварош кој во сезоната 1999/00 на домашен терен славеше над грчки Анагениси со 42:16. За вардарки ова беше 34 радост во елитата, петта во низа за израмнување на најдобрата клупска низа

Британецот подобар од Канаѓанецот со црногорско потекло со 5:7, 7:6, 7:6 во меч што траеше три часа и 38 минути штое нов рекорд на завршните Мастерси во сезоната. Ѓоковиќ против Нишикори во второто полуфинале вечерва