Browsing: СВЕТ

Крузерот го напуштија 500 лица кои не покажаа симптоми на корона-вирус. Нивните тестови беа негативни и немаа никаков контакт со заболените лица, наведе јапонското Министерство за здравство. Лицата без симптоми и со негативни тестови притоа ќе добијат потврда дека „не претставуваат никаков ризик за зараза со корона-вирус“

Непресметливата политика кон Балканот, покажува примерот со Заев, во регионот има дестабилизирачко влијание, пишува „Зиддојче цајтунг.“ Макрон во меѓувреме го релативираше својот одбивачки став, но довербата е нагризана

Комесарот за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, германскиот министер за европски прашања, Михаел Рот и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го поздравија донесувањето на Законите за ЈО и за Совето на јавни обвинители во Собрание и изразија надеж за скоро отпочнување на преговори на членство на Унијата со С. Македонија

Во грчкиот Парламент постојат 77 Групи за пријателство и ги покриваат парламентарните односи со исто толку земји од Европа, од Америка, од Азија, од Африка и од Океанија. Очекувањата се дека во Групата за пријателство со Македонија ќе членуваат пратеници од сите политички партии со исклучок на т.н. „Грчко решение“ која е радикално десничарски ориентирана

„Благодарност“ за досегашниот ангажман е искажана на министерот за Северна Ирска, Џулијан Смит, на Андреа Ледсом и на Естер Меквеј, министерки за бизнис и за домување, како и на министерката за животна средина, Тереза Вилерс

Со тоа бројот на заболени на бродот, на кој во карантин се наоѓаат околу од 3.700 патници и членови на екипажот, се зголеми на 218 лица од 713 лица колку што досега се вкупно тестирани, соопшти јапонското Министерство за здравство

Невремето ја погоди речиси цела северозападна Европа. Во Британија околу 100.000 семејства останаа без струја, додека во Шкотска се урнал кров повредувајќи три лица, едно лице е повредено во Белгија