Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коментар во „Зидочје Цајтунг“: ЕУ како дестабилизатор

0
By Нова ТВ on February 18, 2020 СВЕТ
Фото: deutschland.de
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2020 17:05

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ објавува коментар на авторот Тобијас Цик со критика на сметка на политиката на Европската Унија која води до дестабилизација, за што сведочи примерот со Северна Македонија. Во земјата ќе следат предвремени избори како последица на француското вето во октомври за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија.

„Нека рече некој дека ЕУ на надворешнополитички план нема веќе вредно за споменување влијание – Зоран Заев од сопствено болно искуство може да го посведочи спротивното. Социјалдемократскиот екс премиер на Северна Македонија успеа, наспроти отпорот на националистите, блиски до Москва, да издејствува неговата земја да го промени името, на тој начин отстранувајќи ја најголемата пречка на патот кон ветениот процес на пристапување кон ЕУ. Но, во октомври, францускиот претседател Емануел Макрон изненадувачки вложи вето против почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. Брисел го прекрши својот збор, Заев поднесе оставка, а парламентот во Скопје сега го отвори патот за одржување нови избори. Не е исклучено на нив да победат националистите: наводниот доказ дека проевропската реформска политика на социјалдемократите не ѝ носи ништо на земјата, Брисел самиот им го испорача. Макрон во меѓувреме го релативираше својот одбивачки став, а ЕУ им дава нови надежи на западнобалканските земји, но довербата е трајно нагризана. Брисел мора брзо да се усогласи околу обврзувачка линија кон југоисточното соседство. Непресметливата политика кон Балкан, покажува и примерот со Заев, во регионот развива дестабилизирачко влијание“, пишува Цик во коментарот.

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ се осврнува на односот на ЕУ кон Албанија, за кој албанскиот премиер Еди Рама смета дека е неправеден, во текстот со наслов „Разочараниот зет ја чека невестата“.

„Албанскиот премиер Еди Рама во понеделникот раскажа приказна, која според него, ја илустрира дилемата на неговата земја. Тој неодамна имал посета од висок по ранг претставник на членка на ЕУ, кој инсистира на посебно длабоки реформи за да можат да почнат преговорите за пристап кон ЕУ. Посетителот побарал ангажирање патрола со тешко вооружување пред да го напушти својот авион. „Тој мислеше дека стигнува во Кандахар“, изјави Рама, значи во делот на Авганистан кој го контролираат талибанците. Рама во разговорот со европските новинари во Брисел не откри на каков начин бил решен проблемот. Но, кога посетителот конечно се нашол пред Рама, бил многу засрамен. Албанија се чувствува неправедно третирана, гласеше централната порака на Рама во Брисел“

Рама смета дека Албанија е „колатерална штета“ во интерна кавга во самата ЕУ меѓу две визии, меѓу приврзаниците на посилно продлабочување на Унијата и оние кои се залагаат за проширување.

Албанскиот премиер ја споредува ситуацијата на својата земја со онаа на зет кој се дотерал и чека во црквата на големиот момент, за да констатира дека невестата ја нема. Човек се учи на неволјите, вели Рама, истакнувајќи дека сега не сака да разгорува големи очекувања. Ако следниот пат на венчавката невестата повторно не се појави, шокот ќе биде помал“

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ Албанија ЕУ Зидојче цајтунг коментари Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.