Browsing: СВЕТ

На состанокот во Виена денеска Групата за меѓународна поддршка на Сирија договори прекин на огнот и политичко решавање на конфликтот во Сирија. Групата бара избори во земјата за околу 18 месеци под покровителство на ОН

– Франција е голема и силна нација. Нејзините вредности на слобода, еднаквост и братство ја инспирираа и се уште ја инспирираат Европската унија. Денеска сме обединети со францускиот народ и Владата на Франција, велат во заедничка изјава шефовите на владите од ЕУ

Француската полиција нашла сириски пасош до телото на еден од терористите во Париз, документот е регистиран на Лезбос на 3 октомври но се уште нема официјална потврда дека му припаѓа на човекот до кој бил најден.

Според белгиски медиуми, тројца од терористите од синоќешните напади во Париз, живееле во Брисел. Но засега нема официјална потврда, белгиските власти најавија прес конференција во текот на вечерта.

Ние ќе ја предводиме војната која ќе биде безмилосна. Ако терористите се способни да извршат вакви ѕверски злосторства треба да знаат дека ќе се соочат со одлучна Франција, обединета Франција која нема да дозволи да биде разнишана и покрај тагата која денеска ја доживуваме” изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд.