Browsing: СВЕТ

Премиерот на Србија вели пораката на новоименуваниот комесар за проширување Јоханес Хан е очекувана, но дека неговата земја нема да запре со ЕУ реформите и некаде пред крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, одлуката за прием на земјата ќе биде надвор од негови раце

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ изложувајќи ги последните забелешки на крајот на неговото судење рече дека не треба да биде осуден, но прифаќа морална одговорност за злосторствата извршени од босанските Срби и нивните лидери за време на војната

Регистриран прв случај на опасниот вирус ебола на територијата на САД во Далас, во државата Тексас, пациентот се заразил со смртоносниот вирус во Либерија, пред да допатува во САД пред 11 дена

Столтенберг во долгогодишната политичка кариера има воспоставено блиски односи со Русија, што ќе помогне за подобрување на односите меѓу Алијансата и Москва, кои се заладени поради украинската криза

Шпанскиот Уставен суд вчера на вонредна седница го прифати барањето на Владата во Мадрид за оценување на уставноста на Законот за одржување гласање кое нема карактер на референдум, усвоен во каталонскиот парламент

Исламската држава се приближува до сирискиот град Кобани кој е близу границата со Турција, јавува Си-Ен-Ен; терористичката организација се наоѓа три километри источно од градот Кобани

Некои од изјавите на Орбан и некои од неговите мерки во областа на медиумите, Уставот, итн… не ми се допаѓаат. Орбан мора да биде поодговорен како европски политичар. Нема Супермени и нема исклучоци и нема ексклузивност за него а тоа Орбан се обидува да го наметне, вели за НОВА Едвард Кукан, член на ЕПП во Европскиот парламент

Претседателот на Српското национално малцинство во Хрватска, Милорад Пуповац вели во Хрватска се води кампања против ќирилицата а со тоа и против Србите, потенцирајќи дека се работи за едно загрижувачко движење

Демонстрантите држат под блокада неколку клучни улици и шопинг центри со што се стопира сообраќајот во Хонг Конг. Како последица, неколку банки не работат, а десетици училишта се затворени

Убиени се шест цивили и тројца проруски активисти по нападите на украинските сили во крајно напната ситуација во Доњецк; уште 18 други се повредени

Денеска ќе се носи одлуката кој ќе биде носител на втората Награда за Човекови права Вацлав Хавел; предложени се Б’Рселем (Израел), Службата за бегалци на језуитите од Малта и бранителот на човековите права Анар Мамади од Азербејџан