Browsing: СВЕТ
Ветераните на екс-југословенската “патриотска” војна, кои се блиски до ХДЗ и екстремната десница, веќе четири месеци спијат во шатор во центарот на Загреб и бараат оставка на министерот за ветераните на војната како и други бенефиции.
Илјадници луѓе биле евакуирани од облакодер во Дубаи кој бил зафатен од пожар. Пожарот започнал на 50 кат и потоа се проширил 20 ката нагоре во зградата, наречена Факел, која има 79 ката и се протега на 336 метри над заливот
По интензивни преговори Грција и земјите членки на еврозоната во петокот доцна навечер најдоа договор за продолжување на програмата за финансирање на Грција а земјата ќе треба да да се бори против даночното затајување и корупцијата.
Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека масовното излегување на граѓаните од Косово е резултат на шпекулациите дека Германија дава работни и дозволи за престој
Неколку часа пред почетокот на синоќешниот фудбалски натпревар во Лига Европа помеѓу Рома и Фејнорд дојде до пресметка помеѓу италијанската полиција и холандските хулигани при што повредени се над 25 навивачи
Либија побара од Советот за безбедност при ОН да се укине ембаргото за оружјето како и тие би помогнале во борбите против екстремистите на Исламската држава
Украинскиот претседател Петро Порошенко побара на источниот дел од земјата да дојдат меѓународни сили како посредници, со мандат на ОН
Грчкиот премиер Алексис Ципрас обезбеди доволно гласови во парламентот, неговиот кандидат да биде избран за нареден шеф на Грција. Се работи за конзервативниот пратеник и поранешен министер Прокопис Павлопулос
Одговорноста за нападот ја презеде портпаролот на Талибанците нарекувајќи го „одмазда за тековна воена операција“. Ова е најнов напад во серијата напади против шиитите во Пакистан
Сите денешни ле тови беа одложени, откако втор ден има снежна бура во најголемиот турски град. „Туркиш ерлајнс“ откажа 200 летови закажани за 18 и 19 февруари
Утрово петмина пратеници во турскиот Парламент се повредени во тепачка во која се фрлале столици, а пратениците меѓусебно се удирале со чеканчето и ѕвончето кои ги користи претседателот на Собранието
ЕУ денеска повика да се повлече тешкото вооружување од фронтот во Источна Украина, како што е предвидено со прекинот на огнот потпишан минатата недела, додека стигаат извештаи за жестоки борби во источниот град Дебаљцев















