Browsing: СВЕТ
Некогашниот чешки претседател Вацлав Клаус ја повика сопствената земја да излезе од Европската Унија, бидејќи според него Унијата лошо делува на Чешка, и придонесува за се што се случува лошо во општеството, политиката и економијата
Сиријскиот претседател Башар ал Асад ја предупреди Анкара дека „скапо ќе плати“ за нејзината поддршка кон бунтовниците кои се обидуваат да го соборат неговиот режим, бидејќи тие „терористи“ набргу ќе влијаат и на Турција
Хрватскиот Сабор го изгласа таканаречениот Лекс Перковиќ, со 83 гласа „за“, 28 „против“ и осум воздржани
Политичката кариера на поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони би можела да заврши многу брзо доколку Сенатот препорача одземање на неговиот мандат по обвинението за даночна измама и четири-годишната затворска казна
Во интервју за Си-Ен-Ен српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази уверување дека Србија ќе биде прва наредна членка на ЕУ, како и очекувањето оти тоа ќе се случи што побрзо
Спасени се над 150 луѓе, а останатите 200 кои биле на бродот не се пронајдени. Наполитано потенцираше и дека е непридатливо што Фронтекс, Агенцијата на ЕУ за заштита на границите, не реагирала без одложување со соодветни механизми
Жена која што со автомобил се обидела да ја пробие оградата на Белата куќа била убиена пред зградата на американскиот Конгрес, а во нејзиниот автомобил имало и бебе, кое за среќа, поминало без повреди
Лидерот на грчката крајнодесничарска партија Златна зора Николаос Михалолиакос ќе одговара пред судот „за водење на криминална организација“. Судот во Атина одлучи тој останува во притвор до почетокот на судскиот процес
Белград ќе се обиде, во соработка со ЕУ, да ја промени одлуката на приштинските институции за забраната на посетите на српските претставници во Косово за време на предизборната кампања, изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ
Подготовките на Бразил за Светското првенство во фудбал 2014 претрпуваат застој откако судот во средата побара итно одложување на градењето на еден од стадионите-домаќин на престижниот фудбалски турнир поради безбедносни причини
Најмалку 50 лица настрадаа во близина на италијанскиот брег, кога потона брод на кој се наоѓале над стотина мигранти, јави BBC
„Огорчен сум при помислата дека, ако јас речам 20 милиони луѓе не може да имаат здавствена заштита, Републиканците нема да ги отворат владините институции. Тоа е неодговорно“, истакна Обама
