Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чадеж: Формираме Совет за побрз проток на стоки, услуги и луѓе меѓу Србија, Албанија и С. Македонија

0
By Sashko on November 4, 2021 РЕГИОН
Фото: kurir.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Србија, Албанија и Северна Македонија ќе формираат Совет за имплементација  на забрзување на протокот на стоки, услуги, луѓе и капитал и да заживее системот на единствени работни дозволи за граѓаните на трите земји на почетокот на 2022 година, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора Србија (ПКС) по состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Се договоривме дополнително да го забрзаме овој процес и да формираме Совет во кој ќе има претставници од Стопанската комора и ресорните министри од трите земји. Секоја недела членовите на Советот ќе ги известуваат лидерите на трите земји за тоа што е направено и што допрва треба да се направи, изјави Чадеж по средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров со бизнисмени од регионот и Атлантскиот совет, а во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“,.

Тој посочи дека е важно компаниите кои работат во Србија, во Албанија и во Северна Македонија да имаат еднаков третман и деловни можности во сите три земји.

За бизнисмените беше важно да имаат отворен разговор со лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија за тоа како да се забрза протокот на стоки, услуги и капитал низ овие три земји, соопштија од ПКС.

На состанокот присуствуваа претставници на 22 холдинг компании кои работат во сите земји од иницијативата „Отворен Балкан“, вработуваат околу 50.000 луѓе во целиот регион и имаат годишен обрт од над четири милијарди евра, наведе Чадеж.

Тој посочи дека е важно до следната средба на бизнисмените и претставниците на трите земји во Тирана, следниот месец, да се реши проблемот со меѓусебното признавање на фитосанитарната и ветеринарната документација.

Албанија Македонија Марко Чадеж регион Совет Србија Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.