Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири факултети и 10 основни и средни училишта ќе бидат целосно пристапни за лица со попреченост

0
By Sashko on December 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Mинистерството за образование и наука (МОН) посветено работи на обезбедување инклузивно образование. Образовните институции треба да бидат целосно пристапни и достапни и затоа, денеска на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост кој се одбележува преку пораката „Лидерство и учество на лицата со попреченост, кон инклузивен, пристапен и одржлив пост ковид-19 свет“, го започнуваме проектот „ЕУ за вклучување“ којшто се реализира преку Акциската програма на 2019-ИПА 2 и преку кој ќе се обезбеди целосна вертикална и хоризонтална пристапност на 14 образовни институции – шест основни и по четири средни и високо образовни установи.

Како што соопштија од МОН, токму денеска се одржа координативна средба со Архитектонскиот факултет, Градежниот факултет, Економскиот факултет, Правниот факултет, Филозофскиот и Филолошкиот факултет со што се означи договорот за започнувањето на градежните активности во текот на овој зимски семестар и се истакна важноста од обезбедување на пристапноста на високообразовните установи во државата, вклучени во Проектот за непречен пристап кон образовни институции.

Очекуваме веднаш на почетокот на 2022 да почнат адаптациските зафати, рече Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука, на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, што денеска се одржа во Владата.

Освен четирите објекти на наведените факултети, со Проектот ќе се обезбеди целосна пристапност и во основните училишта „Лазо Ангеловски“ (Општина Аеродром), „Кузман Јосифовски Питу“ (Општина Кисела Вода), „Братство и Единство“ (Општина Дебар), „Лириа“ (Општина Тетово), „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“ и „Бајрам Шабани“ (Општина Куманово), како и средните училишта „Наум Охридски“ (Општина Охрид), „Гоце Стојчевски“ (Општина Тетово), „Наце Буѓони“ (Општина Куманово), „Раде Јовчевски – Корчагин“ (Општина Центар) и Младинскиот културен центар во Скопје.

Пристапноста и достапноста на образовните институции е многу важна затоа што ја зголемува самостојноста на лицата со попреченост и им овозможува поголема независност. Ги повикувам другите државни институции, локалните самоуправи и јавните претпријатија да го следат примерот на Министерството за образование и наука и условот пристапност при јавните набавки за градба или адаптација на објектите да биде задолжителен и сите заедно да го зголемиме степенот на пристапноста кон јавните институциите, посочи Томшиќ.

Дополнително, денеска како дел од имплементација на Стратегијата за инклузија на лицата со попреченост на Обединетите нации, започната во 2019 година, во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ, МОН ги повика сите основни училишта да го одбележат овој ден преку одржување час на тема „Употреба на инклузивен јазик“ за учениците од четврто до деветто одделение, со цел едукација на учениците и подигнување на свеста за усвојување на јазик што ја слави различноста и кој нема да биде навредлив или несоодветен, кој може да претставува основ за дискриминација и кршење на човековите права.

Препораката е, како што се посочува во соопштението, оваа наставна активност, односно час кој е подготвен врз основа на Упатствата за употреба на инклузивен јазик да се одржи на одделенски час во период од 6-17 декември годинава.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост МОН го одбележува со променет и системски пристап во унапредувањето на правата и можностите за квалитетно образование на децата со попреченост. Томшиќ укажа дека основната цел на Министерството за образование и наука е на секое дете да му се овозможи да го постигне својот полн потенцијал.

„Затоа МОН ги повикува сите, заеднички, во соработка со учениците и студентите, со нивните родители и наставници, како и со сите општествени чинители, да работиме на натамошно унапредување на процесот на инклузија во образовниот систем и во општеството во целина. Тоа е и нашиот придонес кон градењето на современо граѓанско општество како општество на сите“, рече Томшиќ, стои во соопштението. 

лица со попреченост Македонија МОН пристап училишта факултети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.