Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИВИЛ – Центар за слобода: Започна „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – силна порака од ЦИВИЛ за будност, отпорност и заедничка акција

0
By Zoran Ivanov on December 5, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 5, 2025 15:15

Со прес-конференција одржана денеска во 11 часот во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, официјално започна деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“.

Тимот на ЦИВИЛ најави динамична серија активности посветени на заштитата на демократските процеси, слободата на медиумите и човековите права во време на растечки глобални закани. Програмата беше презентирана на македонски и албански јазик.

ПОВИК ЗА БУДНОСТ, А НЕ САМО УШТЕ ЕДЕН НАСТАН

На прес- конференцијата се упати порака дека оваа програма не е само уште една точка во календарот, туку силен повик за здружена акција. Во воведното обраќање на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ се нагласи дека демократијата денес е под постојан притисок – и во земјава, и во регионот, и во светот.

Живееме во време кога вистината е оспорена, човековите права се под закана, а демократиите се соочуваат со удари од војни, авторитарни режими и хибридни операции. Она што пред неколку години беше сфера на развој и едукација, денес е сфера на одбрана, истакна Дерала.

Неопходно е  демократските општества да преземат итни и решителни мерки за спротивставување на империјализмот, агресијата и авторитаризмот што ја нарушуваат стабилноста и го поткопуваат јавниот интерес, беше една од пораките што ЦИВИЛ ги упати до јавноста.

ДЕВЕТ ДЕНА ПОСВЕТЕНИ НА ВИСТИНАТА, СЛОБОДАТА И ОТПОРНОСТА

Програмата, која ќе трае до 12 декември, носи богата агенда: медиумски активности, јавни настапи, експертски тркалезни маси, работилници и финална меѓународна конференција со истакнати учесници од Германија, Украина, Франција, Италија, САД и регионот.

Во фокусот се клучните теми што веќе ја моделираат иднината на демократијата:

  • руските хибридни операции и дезинформациски стратегии,
  • улогата на медиумите во време на пост-вистинска политика,
  • авторитарните влијанија во Европа и регионот,
  • експлозивниот развој на вештачката интелигенција, особено во безбедносни и информациски контексти.

ЦИВИЛ нагласи дека ваквите теми се критични, бидејќи општествата во регионот се наоѓаат во период на зголемена чувствителност, каде што лажните наративи и пропагандата добиваат значајно влијание врз јавната дебата.

Во своето обраќање Биљана Јордановска ја презентираше подетално целата програма како деветдневна стратегиска, општествена и мултимедијална програма посветена на човековите права, демократската
отпорност и одговорот на хибридните закани.

Завршниот настан ќе се одржи на 15 декември кога јавно ќе се претстави Извештајот од Локалните избори 2025 со стратешки препораки.

ДЕМОКРАТИЈАТА ОПАЃА КОГА ЈАВНОСТА СЕ ИЗМОРУВА

На прес-конференцијата беше упатена и силна порака дека демократијата пропаѓа таму каде што граѓаните се повлекуваат, а институциите остануваат без контрола.

Дерала повика и на лична и општествена одговорност во справувањето со ерозијата на институциите и демократските стандарди – тренд кој, како што беше речено, не е само локален, туку дел од глобален судир меѓу демократски и авторитарни модели на владеење.

СТАРТ СО ЈАСНА ПОРАКА

Со денешната прес-конференција започна програмата што ќе обедини истражувачи, новинари, активисти, интелектуалци и меѓународни партнери со една заедничка цел.

Демократијата преживува само кога активно се брани. Ние сме тука токму за тоа – да ја браниме, да ја унапредуваме и да ја споделиме таа обврска со целото општество.

 

демократија одбрана Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.