Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Даниловски: Промискуитетното однесување е најголем ризик-фактор за зараза со мајмунски сипаници надвор од Африка

0
By НОВА ТВ Balaban on May 27, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е можно масовно ширење на болеста, едноставно заради тоа што пренесувањето на вирусот од човек на човек бара долготраен близок меѓусебен контакт. Од друга страна, симптомите на болеста се јасно видливи и препознатливи (карактеристичен осип, отечени лимфни јазли) и  секој појавен случај лесно би се идентификувал и изолирал, нагласува проф. д-р Даниловски. 

Простор за загриженост нема! Точно е дека заразените со мајмунски сипаници немале патувано во земјите на Западна и Централна Африка. Но, точно е и дека речиси сите заболени се од категоријата „мажи кои имаат секс со мажи“. Понатаму, еден експерт на СЗО изјави „дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос меѓу хомосексуалците и бисексуалците на две рејв забави што се одржале во Шпанија и Белгија“. Исто така, точно е дека во Мадрид се јавиле 30 случаи по геј парада на Канарските острови, на која имало 80.000 учесници. Имајќи ги предвид овие факти, станува јасно како е дојдено до долготраен близок контакт, кој е неопходен за да дојде до заразување, вели за НоваТВ проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог на Институтот за епидемиологија и биостатистика во Скопје. Тој е категоричен „вакцинација против мајмунски сипаници не доаѓа предвид“!

Повеќе од десет земји, претежно во Европа, каде што овој вид сипаници се ретки, потврдија најмалку по еден случај на ова заболување, а според извештајот на Европскиот центар за контрола на заразни болести, (ЕЦДЦ) „Ова е првпат во Европа да бидат пријавени заразени луѓе без познати епидемиолошки врски со Западна или Централна Африка, каде што болеста е ендемична“. Досега се пријавени 291 случај на мајмунски сипаници.

– Ме прашувате која е проценката за понатаму. Несомнено дека ќе има спорадична појава на нови случаи и понатаму и тоа директно ќе зависи од поведението на луѓето. Промискуитетното однесување дефинитивно е најголем ризик-фактор да се заразите со мајмунски сипаници надвор од Африка, како што тоа го потенцираше Европскиот центар за контрола и превенција на болести. Ова значи дека не е можно масовно ширење на болеста, едноставно заради тоа што пренесувањето на вирусот од човек на човек бара долготраен близок меѓусебен контакт. Од друга страна, симптомите на болеста се јасно видливи и препознатливи (карактеристичен осип, отечени лимфни јазли) и  секој појавен случај лесно би се идентификувал и изолирал. Од друга страна, се работи за лесно заболување, кое поминува без поголеми проблеми по 2-4 недели. Се разбира, потешки симптоми може да развијат децата, бремените жени и имунокомпромитираните лица, предупредува д-р Даниловски.

На прашањето дали употребата на кондом може комплетно да штити од ширење на овој вирус или сепак не, бидејќи, нели, вирусот се пренесува и капково, тој појаснува:

– Мајмунските сипаници не спаѓаат во сексуално преносливи болести, зашто патот на пренос не им е ексклузивно сексуален. Во случајов со актуелнава епидемија, тој пат е доминантен, но тоа се должи на тесен контакт кожа на кожа, зашто осипот се појавува и на кожата околу гениталиите. Употребата на кондом, според тоа, не може да претставува заштита. Заштитата се состои во избегнување на контакт со лица кои имаат симптоми и прекинување на промискуитетното однесување, додава д-р Даниловски.

Во врска со тоа ќе треба ли да се вакцинираме и против овие сипаници епидемиологот Даниловски е категоричен:

– Тоа не доаѓа предвид! Мајмунските сипаници воопшто не претставуваат закана за јавното здравје, како што беа големите сипаници (вариола вера), кои се ерадицирани во 1979 година. Овде доаѓа предвид само т.н. „прстенеста вакцинација“ (ring vaccination), што подразбира вакцинирање само на контактите на болните лица, членовите на нивните семејства и секако, професионално изложените лица: персоналот во лабораториите и здравствените работници што се грижат за болните, вели тој.

Љубица Балабан

вакцинација драган даниловски кондом мајмунски сипаници Промискуитетното однесување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.