Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Д-р Кочински: Не можеме да ја исклучиме можноста омикрон да е импортиран кај нас, но не е докажан од ИЈЗ

0
By НОВА ТВ Balaban on December 13, 2021 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со самото тоа што сѐ поголем број на луѓе се веќе прележани и вакцинирани, има сѐ помала подложна популација и шанса вирусот да се шири, а со тоа и да мутира. Секоја пандемија завршува или со стекнување на колективен имунитет или со мутација на вирусот со која ја губи вирулентноста и можноста за широка трансмисија. Затоа е најбитна вакцинацијата како мерка за превенција, вели во  разговор за НОВАТВ, д-р Драган Кочински, епидемиолог во Институтот за јавно здравје.

До денеска немаше потврда дека во светот има смртни случаи заразени од овој сој, но премиерот Борис Џонсон попладнево потврди дека во Велика Британија починал најмалку еден пациент заразен со новиот сој на коронавирусот, омикрон, кој досега е регистриран во повеќе од 60 земји. 

СЗО во најновиот извештај денеска предупреди дека „вкупниот ризик поврзан со омикрон останува висок поради повеќе причини. Првите податоци укажуваат дека тој го заобиколува имунолошкиот одговор и е многу заразен, што може да доведе до нови бранови на инфекција со тешки последици“.

Д-р Кочински, сојот омикрон сѐ уште не е откриен во Македонија, односно, не е ниту тестиран, бидејќи тогаш кога било секвенционирањето не бил ниту појавен, а до Нова Година во ИЈЗ ќе се прави нова анализа. Тоа може да значи и дека, во меѓувреме, можеби омикрон се појавил и почнал да заразува…Како да се однесуваме, во однос на превентивните мерки, со оглед дека, според првичните сознанија, најновиот сој  дава полесна слика на болеста, иако веќе има потврда и за првиот смртен случај? 

– Не можеме да исклучиме дека сојот е импортиран веќе во РСМ, но истиот не е докажан во лабораторијата во ИЈЗ. Но без разлика на сојот, општите мерки за  заштита треба да се почитуваат, тие даваат задоволителни резултати, а тука е и вакцинацијата како најдобра заштита.

Иако, според досегашните сознанија на светските и нашите експерти, омикрон е, најверојатно, последниот сој кој циркулира во оваа пандемија заради кој ќе се вознемируваме, има ли теоретска можност вирусот да „подивее“ и мутациите да отидат во друга насока – вирусот да измутира, не дај Боже, во многу полоша и посмртоносната варијанта за човештвото? 

– Самата природа на овие вируси е таква да тие полесно мутираат. Со самото тоа што сѐ поголем број на луѓе се веќе прележани и/или вакцинирани има сѐ  помала подложна популација и шанса вирусот да се шири, а со тоа и да мутира. Секоја пандемија завршува или со стекнување на колективен имунитет или со мутација на вирусот со која ја губи вирулентноста и можноста за широка трансмисија.

Во однос на мутациите на овој вирус, не би можел да дадам коментар, експертите вирусолози на оваа тема би имале посоодветно мислење.

Последното секвенционирање на ковид-19 е направено во лабораторијата на ИЈЗ во ноември, кога немаше омикрон. Зошто мора да чекаме цел месец за да дознаеме дали омикрон е меѓу нас? Може ли почесто да ги правиме тие анализи?

– За ова ќе треба да се обратите до лабораторијата за вирусологија, јас немам податок кога и со каква фреквенција се прават тестовите.

Што мислите, ќе може ли наскоро лекарите само според клиничката слика на пациентот да одредуваат која варијанта на ковид-19 нѐ нападнала? Или лабораториската анализа останува неприкосновена – како за грипот и за други заразни заболувања? 

– Во однос на присутната варијанта, истата не би можела да се утврди само  преку клиничка слика, секвенционирањето е единствен метод за потврда. Откако една варијанта ќе се утврди дека е доминантна, сѐ до појава на некоја нова, се смета дека сите или најголем дел од заболените се со таа варијанта. Терапијата за ковид-19 е таа што ја аплицираат клиничарите и не зависи од варијантата на вирусот. Сѐ зависи од клиничката слика и присутните симптоми, дали ќе се аплицира нешто дополнително симптоматски или не.

Д-р Кочински, што Вас како епидемиолог најмногу Ве зачуди, а што научивте во оваа пандемија? Што од научен аспект, а што е Вашиот коментар во однос на однесувањето на граѓаните во оваа пандемија?

– Сите мерки и препораки од здравствените власти се врз база на научни докази и препораки од релевантни светски институции (СЗО, ECDC, CDC..). Како  еволуираше пандемијата и како заедно учевме за овој вирус, така и светските релевантни институции, а и нашите, ги адаптираа препораките. За побрзо завршување на пандемијата, сите ние треба да се однесуваме одговорно и да ги почитуваме мерките, како и да се вакцинираме, бидејќи тоа е најдобрата мерка за да се заштитиме себе си, а и тие околу нас.

Љубица Балабан

 

Драган Кочински епидемиолог импортиран Институтот за јавно здравје Омикрон разговор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.