„Во рамките на Парламентот да формираме работна група каде ќе си ги кажеме нашите аргументи. Искуството вели дека не можеме да се потпреме на аргументите на Османи и СДСМ“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот протест пред Владата.

„Да формираме работни групи, бидејќи денеска гледаме дека утре предлогот ќе поминувал на Влада, па таков ќе доаѓал на пленарна седница и се создава тензија“, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека „само оние на кои не им одговара масовност, сакаат да имаат радикализација“.

„Во периодот кој што следи очекувам голем број граѓани да ни се приклучат и да имаме масовна поддршка во насока на громогласно „не“ против овој последен предлог“, додаде Мицкоски.