Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дарко Панчев нов спортски директор на Ф.К. Вардар

0
By Нова ТВ on April 7, 2017 СПОРТ
фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2017 15:47

Легендата на македонскиот фудбал,Дарко Панчев, е промовиран за нов спортски директор на „црвено-црните“. Денеска на прес конференција во Фудбалската Академија на ФК Вардар раководството на тимот предводено од претседателот Мирко Спасески и од извршниот директор Самоил Симев, го презентираше Панчев како нов член во раководството на нашиот клуб.

Почнувајќи ја фудбалската кариера токму во „црвено-црниот“ дрес, Дарко Панчев на прес конференцијата истакна дека му е особена чест што се враќа во клубот во кој што му е во срцето.

„Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите знаете кој сум, ниту да зборувам што претставува Вардар во мојата кариера и во мојот живот. Нормално се чувствувам возбуден што сум на помошното игралиште на Вардар каде што ја почнав кариерата. Прекрасно е да знам дека секојдневно ќе бидам на стадионот кој за мене и за многу други засекогаш ќе остане Вардаров стадион.“, изјави Панчев на денешната промоција во Фудбалската Академија на ФК Вардар.

Панчев истагна дека стратегијата на клубот е веќе зацртена, и се надева дека и неговите идеи ќе се вклопат во концептот за уште подобар Вардар и успеси на меѓународна сцена.

„Стратегијата која е зацртана, со некои мои идеи кои мислам дека ќе се вклопат во концептот, се реална основа да биде остварено она што е желба на раководството, навивачите и пошироката јавност. Јас ќе си дадам време да се запознаам со реалнисте состојби и со играчкиот потенцијал во Првиот тим кој што во домашното првенство е добро позициониран, а ќе се обидеме заедно со стручниот штаб во блиска иднина да се подобрат нештата и на меѓународните натпревари.“, рече Панчев.

Новиот спортски директор истакна дека една од целите е и младинската школа на Вардар која што треба да биде расадник на таленти за иднината на клубот.

„Посебно ќе се концентрираме и на младинската школа која може и мора да биде расадник на потенцијални квалитетни фудбалери за професионалниот погон. Другите идеи кои се однесуваат на важн сегменти за подобрување на посетеноста, меѓународната соработка и соработката со македонските клубот ќе се профилираат и ќе бидат ставени на хартија“, дополни новиот спортски директор на екипата.

Вардар Дарко Панчев фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.