Во рамките на информацијата која ја добивме од „Дрисла“ се потврди дека концесионерот и по 4 години нема инвестирано ниту едно евро во „Дрисла“, но сепак инкасира профит од работењето, обвини Драги Давчевски, координатор на советничката група на СДСМ во Град Скопје.

„Денеска ќе презентираме докази  околу сомневањата дека „Дрисла“ се користи за недозволени незаконски дејствија со опасен отпад. Поради овие сознанија, бараме веднаш да се преиспита одлуката за приватно јавно партнерство  со ФЦЛ поради неисполнување на договорот од 2013 год. Го повикуваме Основното јавно обвинителство  да отвори истрага  врз основа на допрен глас и да утврди дали „Дрисла“ се користи за незаконити цели“, рече Давчевски.

Тој најави дека по доаѓањето на новата влада, ова прашање ќе биде меѓу приоритетните случаи за расчистување