Давид Бабунски не можеше да посака подобро деби за Јокохама. Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол во победата на „маринерси“ против Урава со 3:2 во воведното коло од новата сезона во јапонската Џеј лига.

Бабунски беше дел од стартниот тим на домашните и одигра 81 минута. Во листата на стрелци со впиша во 13 минута со ефектен гол од околу дваесетина метри по асистенција на Саито. Неговиот соиграч во Јокохама, но и од белградска Црвена звезда, Уго Виеира погоди во 86 минута, голот за 3:2 беше дело на Маеда во екстра времето. Рафаел Силва беше двоен стрелец за гостите во 63 и во 65 минута.

https://www.youtube.com/watch?v=zDGBaYWjtoU