Франција прв финалист во тенискиот Дејвис куп. Одлучувачкиот трет поен за „триколорите“ против Шпанија го обезбедија Жулиен Бенето и Никола Мау кои славеа во дубл пресметката со Фелисијано Лопез и Марсело Гранолјерс Пужол со 6:0, 6:4, 7:6. Французите имаа 2:0 по првиот натпреварувачки ден, како и Хрватска против САД, по победите на Беноа Пер и Лук Пуј.
Французите се актуелни шампиони во натпреварувањето по минатогодишниот триумф над Белгија во мечот за титулата. Пресметките за популарната „салатара“ оваа година се закажани од 23 до 25 ноември.