Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејвис нов тренер на ЖРК Вардар: Работа има, одиме чекор по чекор

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 СПОРТ
Фото: zrkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две години беше асистент на Раул Гонзалез во РК Вардар. Во вториот дел од ланската сезона беше асистент во стручниот штаб на Индира Кастратовиќ со која го предводеа ЖРК Вардар и на завршниот турнир во Лигата на шампиони. Давид Дејвис од денеска е назначен за прв тренер на женскиот ракометен првак на Македонија што ќе биде негов прв самостоен ангажман во кариерата.

„Работа има, ќе одиме чекор по чекор. Му благодарам на Серге Самосоненко за довербата што ми е укажана. Очекувам да продолжиме каде што застанавме лани. Имаме нови ракометарки кои го засилија тимот и затоа верувам дека ќе бидеме уште подобри. Потребно е само време да се вратиме во форма по паузата од четири месеци што ја имавме“, рече Дејвис на промоцијата.

Фото: zrkvardar.mk
Фото: zrkvardar.mk

Токму пласман на Фајналфор со ЖРК Вардар е приоритет што е поставен пред него. Дејвис, доколку има време и му дозволат обврските со ракометарките, останува на располагање да асистира и на Гонзалез во машката екипа. На клупата на вардарки ќе дебитира утре попладне во шампионскиот дуел против Астраханочка на домашен терен.

„Астраханочка е млада екипа што игра груб ракомет. Квалитетот, сепак, е на наша страна. Дома мора да победуваме и не само на овој меч што нè очекува туку и на секој нареден. Благодарност и со Раул Гонзалез за сета помош и поддршка. Се познаваме 18 години, прво како ракометари, потоа тој стана тренер, а јас него асистнт кога ја завршив кариерата“, дополни Дејвис чиј асистент во работата ќе биде Ацо Станковски.

Дејвис во кариерата настапуваше за шпанските клубови Гранолјерс, Овиедо, Теукро, Алтеа, Валјадолид, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и Порто во Португалија. Беше и репрезентативец на Шпанија со која се закити со бронзен медал на олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

 

Давид Дејвис ЖРК Вардар Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.