Без струја утре ќе останат корисници на дел од општините Карпош и Сопиште, а прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Партениј Зографски“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН, заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе бидат дел од улиците „Козле“, „Миле Поп Јорданов“ и „Стогово“ ; од 10 до 13 часот улицата „Јуриј Гагарин“ бр. 28-6; од 8 до 12 часот корисниците на дел од улица „Црвена Вода“ во Општина Карпош и од 8 до 11:30 часот, дел од село Добри Дол во Општина Сопиште.

Поради уличен дефект ф-80 мм., без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Партениј Зографски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот.