Демократскиот сојуз смета дека предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со мигрантите, за кои партијата констатира дека „ниту ги има ниту ќе ги има во Македонија“, претставува смислен обид повторно да се игра на емоции на граѓаните и создаде чувства на загрозеност и наводно уривање на државата.
– Ваквата кампања повторно ќе не изолира и конфронтира со демократскиот свет, со невладините организации, со ООН, со медиумите од регионот и пошироко, а последиците ќе ги трпат граѓаните. Наместо да се сее страв од мигранти кои ги нема (во Кампот во Гевгелија само 13) и кои во краен случај, само транзитираат низ Македонија, треба јавно да се зборува за нашите млади кои се “бегалци” во многу европски земји, се вели во реакцијата на ДС.
Паријата порачува дека лажните вести за можен наплив на бегалци, како и наводно укинување на зголемувањето на пензиите, се лаги со кратки нозе а граѓаните ја препознаваат манипулацијата од ВМРО-ДПМНЕ.