Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстранти: Нема да ни падне кондиција барајќи поништување аболиција

0
By Нова ТВ on May 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шарената револуција не признава фикус аболиција. Со ваков водечки транспарент илјадници демонстранти и денеска маршираа низ скопските улици. Фокусот на денешниот протест беше потсетување на човекот кој ја донесе аболицијата, дека барањето за нејзино укинување се уште опстојува. Боите на Шарената револуција која се одвива петта недела, завршија врз импровизиран споменик во форма на портрет на Иванов во близина на претседателската резиденција на Водно.

Демонстрантите во колона, нешто пред 19 часот од Специјалното јавно обвинителство, тргнаа кон вилата на Претседателот. Како што се движеше колоната така бројот на демонстрантуите се зголемуваше, а улиците каде што поминуваа стануваа „шарени“.  Дел од граѓаните, со себе носеа транспаренти за слобода на Љубе Бошковски и слобода на демонстрантите.

На улицата „Мајка Тереза“ или поранешна „Водњанска“, демонстрантите со спрејови во разлуични бои испишаа „Слободата е шарена“, „Смрт на фашизмот“,а  во близина на една автобуска постојка „Чекам слобода“. Колоната демонстранти беше поздравувана од граѓантие кои протестот го следеа на терасите од своите домови, додека колоната поминуваше покрај нивните згради.

Иако илајдници граѓани тргна кон претседателската резиденција, тие од полициски кордон во близина на објектот беа спречени да го продолжат патот. Таму, на разглас се пуштаа бомбите за апсењето на Бошковски, за разговорите во кои функционери од власта признаваат за прекумерното трошење и слично, што беше причиан за дополнителен револт кај присутните граѓани кои скандираа „Уа криминалци“ и „Оставка.

-На сред бел ден сакаат да покријат криминал, како што покриваат убиства, како што покриваа монтирани случаи, како што сакаа да покријат неправда. Ние иако го боиме овој, ние не го признаваме за претседател. Ова е наша куќа, ние немаме ништо негово, тој има нешто наше. Тој спие во арам, тој спие во нелегитимно. Тоа е криминалот кој се случај со нелигитмните избори. Никој да не помисли дека ќе ни падне нас кондиција, па нема да бараме поништување на аболиција, рече активистот Рамадан Рамадани.

-Сакам да се повикам на една негова изјава во која вели  „Македонија има космодикс демократија, може да звучи шашаво, ама функционира“.  Да, точно е, Македонија има шашава демократија, но таа не функционира и една од причините сте вие драг професоре, рече студентка на Правниот факултет.

Денешниот протест заврши мирно, а пред да замиант демонстрантите запалија и неколку фотографии на Иванов.

Граѓаните обединети под движењето #Протестирам бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.

#Шарена револуција аболиција Иванов протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.