Детските реакции при средба со идоли и спортски великани секогаш привлекуваат внимание и интерес. Прилика за уживање вчеравечер имаа дечиња во Ростов при гостувањето на Манчестер јунајтед во рамки на Лига Европа.
Фудбалерите не оставија особен впечаток на теренот, но снимка од тунелот пред натпреварот не може да ве остави рамнодушни. Особено изразот на лицето на едно од децата кои беа одредени да излезат со актерите.
„Топење“ се случи додека крај нив минуваше Жозе Мурињо, момент што беше шок, во позитивна смисла се разбира, за едо од нив. Со неверување го проследи Португалецот кој го забележа, му се насмевна, го прегрна и бакна.
https://www.youtube.com/watch?v=8MKP387kOcM