Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деца во настани каде што се промовира оружјето и милитаризмот е сериозен показател за општествениот пристап кон воспитувањето.

0
By Marija Todorovska on December 4, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По училишната приредба во ОУ „7 Март“, тетовско Челопек, каде учениците се облечени во униформи со амблеми на УЧК и парадираат со пушки во рацете, Меѓаши, првата детска амбасада, испрати реакција:

Со длабока загриженост и осуда реагираме на неодамнешниот инцидент каде деца беа вклучени во училишна приредба облечени во воени симболи и со пушки во раце.

Вклучувањето на деца во настани каде што се глорифицираат оружјето и милитаризмот е сериозен показател за општествениот пристап кон воспитувањето. Наместо да се промовира мир, ваквите активности поттикнуваат нормализација на насилството и создаваат искривена перцепција за моќ.  Ова претставува неприфатливо нарушување на правата на детето и етичките стандарди кои треба да ги водат сите активности во воспитно образовниот систем.

Во контекст на образованието, секој ученик има право да се развива во здраво и безбедно опкружување, слободно од било какви форми на насилство и војна. Училиштата имаат клучна улога во формирањето на вредностите кај децата. Наместо демонстрација на сила и оружје, потребно е преку наставата и активностите да се укаже на последиците од конфликтите – бројот на жртви, траумите и влијанието на војните врз семејствата. Мировното образование, ненасилната комуникација, мир и соработка се вредности кои се од суштинско значење за создавање емпатични, солидарни и одговорни граѓани.

Приредбите кои се изведуваат во училиштата не смеат да поттикнуваат насилство, идеолошки поделби, ниту да се користат воени симболи или реквизити кои можат да имаат негативно влијание на развојот на децата. Наставниците, како модели на однесување за децата, носат огромна одговорност за пораките што ги испраќаат. Организирањето приредби кои го глорифицираат оружјето ги индоктринираат децата и испраќаат порака дека тоа е нормално: да се носи оружје. Последиците од таквиот пристап во воспитно образовниот систем се јасни, тука нема место за разбирање, соработка, емпатија… Наместо тоа, институциите треба да им објаснат на учениците за последиците од воените конфликти и значењето на мирот. Каква порака испраќаме на децата и на општеството кога оружјето се прикажува како дел од забавата?

Во Конвенцијата за правата на децата, која што ја имаме усвоено како држава, издвојуваме:

„Во член 29, Државите членки се согласни дека образованието на детето треба да биде насочено кон:

(а) Целосен развој на личноста на детето и развојот на надареноста, менталните и физички способности.

(б) Унапредување на почитувањето на правата на човекот и темелните слободи, како и почитувањето на принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации.

(г) Подготвување на детето за одговорен живот во слободно општество, во дух на разбирање, мир, толеранција, еднаквост на половите, и пријателство меѓу сите народи, меѓу етничките, националните и верски групи и лица од автохтоно потекло.

Образовниот процес треба да се фокусира на вредностите на мир, толеранција, почитување на различностите и изградба на свесни, одговорни и хумани личности. Вклучувањето на деца во активности кои се во контекст на воената идеологија или насилство е неприфатливо и штетно за нивниот развој.

Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образование под итно треба да реагираат не само во ова туку во секое училиште каде ваков проблем се појавува, без селективност во секој поглед и без разлика на каков јазик се учи во училиштата! Апелираме и до сите други надлежни институции, наставници и родители, раководните кадри во училиштата, да не дозволуваат милитаризацијата и воениот наратив да навлезат во воспитно-образовниот процес, да бидат свесни за последиците од ваквите активности, дека нормализирањето на носењето оружје може да ја намали чувствителноста на децата кон насилни ситуации и дека концептот на ,,заштита од другиот“ може да поттикне недоверба и анксиозност. Наместо децата да се учат на развој на доминација и конфликт, да ги учиме да развиваат емпатија и мир, наместо поттикнување на моќ преку покажување сила, да им овозможуваме социјализација со ненасилни форми на однесување, да ги заштитат децата од било какви влијанија кои можат да го нарушат нивното емоционално и психолошко здравје.

Да не дозволиме да се повтори ваква ситуација! Сите заедно треба да работиме на изградба на безбедно, мирно и позитивно опкружување за нашите деца.

Имајќи предвид дека ова не е осамен случај, за жал училиштата сѐ почесто стануваат мета на најразлични форми на негативни влијанија, сѐ поевидентни стануваат потребата и  неопходноста од фокусирање на училиштата и целиот воспитно образовен систем во насока на воспитување во чија основа ќе бидат вредностите на ненасилното однесување и градењето култура на мир од најрана детска возраст.

На крајот, а не помалку важно, освен понесување на одговорност, потребно е се поттикне поширока општествена дебата за тоа како училиштата влијаат врз градењето на мирољубива иднина и кои се чекорите кон одговорно и вредносно поставено образование.

Меѓаши реакција учк Челопек
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.