Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Последен датум за распуштање на Парламентот е 16 февруари

0
By Нова ТВ on February 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери се обратил до Државната изборна комисија (ДИК) да се изјаснат кој е оптималниот рок за распуштање на Парламентот за да се испочитуваат сите постапки и рокови за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Повратниот одговор, според собранискиот спикер, бил дека тоа треба да биде на 55 дена пред изборите што значи дека Парламентот би можел да се распушти најдоцна до 16 февруари.

Ова денеска го изјави претседателот на Собранието, Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на словенечкиот Парламент, Дејан Жидан, посочувајќи, исто така, дека денеска како пратеник до Собранието доставил нова Предлог-одлука за распуштање на Парламентот.

„Нивниот одговор за оптималниот рок е 55 дена пред денот на гласање што значи денот на гласањето треба да биде 56-иот ден“, рече Џафери.

Во однос на Законот за јавно обвинителство, Џафери кажа дека овој закон и законот за Советот за јавни обвинители се ставени на дневен ред на седница закажана за попладнево во 17 часот. Во врска со информациите дека ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците нема да го поддржат законот бидејќи е различна верзија од она што е договорено, Џафери рече дека како претседател на Собранието нема право на влијание врз материјалниот дел на законот. Според него, политичките партии треба да ги објаснат своите несогласувања и до 17 часот сите имаат можност да направат корекции.

избори распуштање рок Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.