Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џефри Пајат: Со интерконекторот ИГБ, Балканот добива сигурна порта за диверзифициран гас

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 18, 2022 12:19

Американскиот помошник државен секретар за енергија Џефри Пајат, во интервју за бугарски БТВ, ја истакна важноста на интерконекторот ИГБ со кој Балканот добива сигурна порта за диверзифициран гас.

„Бев многу импресиониран што претседателот Радев, заедно со премиерот и кабинетот, се фокусираат не само на Бугарија, туку и на соработката на Бугарија со Романија, Грција, Турција, Северна Македонија, со сите ваши соседи за да помогнете во изградбата на енергетската безбедност, како и да продолжиме да работиме на најсигурно долгорочно решение, имено енергетската транзиција, намалувањето на нашата зависност од фосилните горива и движењето кон обновливите извори, кои се од огромно значење за нашата заедничка иднина“, истакна Џефри Пајат.

Тој ја истакнува важноста на проектите кои, како што вели, веќе се реалност – како гасниот интерконектор, објектoт за регасификација во Александрополис и сета работа што Бугарија ја прави за соработка со соседите.

Во присуство на лидери од балканскиот регион, ЕУ и Азербејџан, на први октомври во Софија официјално во комерцијална употреба беше пуштен гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), со кој мрежата за пренос на гас на Грција кај градот Комотини се поврзува со бугарската преносна мрежа близу Стара Загора, со што се обезбедува диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за регионот на Балканот.

Интерконекторот е со вкупна должина од 182 километри, од кои 140 километри се на бугарска територија и ги поврзува системите за пренос на гас на Бугарија и Грција, вклучувајќи го и Трансјадранскиот гасовод, преку кој се пренесува гас од Азербејџан до Италија.

ИГБ има и дополнително значење за Северна Македонија, бидејќи ќе овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чирен во Бугарија, преку кој може да набавуваме течен пророден гас (ЛНГ) од терминалот во грчкиот град Александруполис со што се добива можност за набавка на енергенсот од Азербејџан. Дополнително, во текот на летото, кога гасот е поевтин, земјава ќе може да го складира енергенсот во Бугарија и потоа да го користи на зима. Со ваквата диверзификацијата на гасните извори, се обезбедува сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со државите од регионот.

Претседателот Стево Пендаровски, кој присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба на ИГБ во Софија, оцени дека овој настан е особено значен, бидејќи отвора нова сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа во момент на повеќекратни кризи кои меѓусебно се засилуваат и кога регионот и европскиот континент во целина се соочуваат со изгледите за тешка зима.

Извор: Frontline

интервју интерконектор ИГБ Џефри Пајат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.